News

22

Почитувани корисници, подготвивме бесплатни упатства за Вас со примери поврзани со настанатите промени од глобалното ширење на епидемија од вирусот Ковид – 19, каде можете да ги погледнете на следниот линк - тука.

За да ви помогнеме (доколку не сакате сами да ги проследите упатствата) организираме и вебинар на тема промена и новости во платите заедно со нашите консултанти од УСД, на 30.04.2020, со почеток во 10:00 часот. Пријавете се сега - тука!

 

Прекин на работа од деловни причини и поради виша сила – во услови на епидемија од Ковид-19

  • согласно член 112 став 10 од ЗРО, во случај на прекин на работниот процес од деловни причини (т.н.принуден одмор), работодавачот е  должен  на  работникот  да му издадерешение и да му плати 70% од  платата,  за  период  до  три месеца во  тековната година.
  • согласно 112 став 7 од ЗРО, ако работникот не може да ја врши работата поради  виша  сила,  има  право  на  половина  од  платата (50%), на која инаку би имал право, ако би работел.

Економски мерки во услови на епидемија од Ковид-19

  • Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година
  • Финансиска поддршка за работодавачите од 14.500 ден по вработен за исплата на плата за месеците април и мај 2020
  • Уредба со законска сила за субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување за време на вонредна состојба
  • Субвенционирање на придонеси од плата за вработените за месеците април, мај и  јуни 2020 година, во висина од 50% од пресметаните придонеси од страна на обврзникот


Пример за пресметка на плата со примена на овие законски промени може да погледнете на следниов линк на нашите кориснички страници – кликни тука.

 

Ве поздравуваме,

Тимот на Даталаб МК

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: PANTHEON™

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...