News

05

Летен тим билдинг во Босна: Даталабовци од сите земји, обединете се! :)

Во периодот од 28.07. - 30.07.2011,  ДАТАЛАБ го организираше летниот тим билдинг во Босна и Херцеговина, во градот Бихаќ, каде колегите од целата групација уживаа во одличното дружење.

По пристигнувањето во Бихаќ, внимателно ги спроведовме “работилниците“ и ги дебатиравме важните деловни задачи, а потоа во лежерен стил се препуштивме на босанските кулинарски задоволства.

Следниот ден беше предвидена “rafting“-авантура на реката Уна, во која дополнителна возбуда внесе дождот! Вечерта секако се препуштивме на одличната забава која ја понудија домаќините, се до раните утрински часови.

Последниот ден, дел од Даталабовците решија да ги посетат Плитвичките Езера во Хрватска, што само по себе беше неверојатно искуство и уживање во феноменалната природа и убавина на Националниот Парк - Плитвички Езера.

Даталаб после овој тим билдинг е побогат за уште еден член - малото кученце без дом кое го затекнавме пред хотелот во Бихаќ. Пика (како што го нарековме), инстантно доби пасош, вакцини и прекрасно розево ланче, и во саботата попладне тргна кон својот нов дом во Словенија.

... Со радост го очекуваме нашиот следен тим билдинг!

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

EMILIJAP
# EMILIJAP
2011.08.05, баасан 15:14
Odlicno druzenje...
EMATOS
# EMATOS
2011.08.08, даваа 12:42
Sledniot TB na nasa teritorija :)
pavle.zimbakov
# pavle.zimbakov
2011.08.11, пүрэв 10:29
Одлична агенда и одличен план! Не се сомневам дека одлично си поминавте! Секоја чест! Многу од македонските компании сеуште сонуваат за ваков тип на ТБ и несомнено е дека дел од нив уште многу ќе чекаат за да им се случи нешто вистинско! Ретки се примерите на компании во Македонија кои го применуваат ваквиот тип на дружби па судено според тоа ретки се и вработените во македонски компании кои се навистина мотивирано да работат во истите. Од сосема краткото прелистување на Вашата корисничка страна имам сосема јасна претстава за тоа како е да се биде дел од Вас. Продолжете со ова темпо!
EMATOS
# EMATOS
2011.08.15, даваа 13:04
Почитуван Павле, Ви благодариме на убавите зборови!
Во нашиот тим имаме навистина квалитетни »играчи«, но заедничката »игра« не прави тимот кој победува! Убаво е да сте дел од тим кој колку што работи напорно, толку и се забавува на ваквите дружби! :)

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...

PANTHEON 11