marijanik posted on Juli 07, 2023 13:48
Даталаб Технологије д.д го објави својот план за тендерска понуда, повлекување од берзата и забрзување на растот.
[ЉУБЉАНА, 07. 07. 2023] – Група на меѓународни инвеститори предводени од Симон Калужа ќе ги здружи силите заедно со основачот на Даталаб, неговиот менаџмент, вработените и акционерите за да ја преземат сопственоста на Даталаб Технологија д.д. (во натамошниот текст „Даталаб“), водечка словенечка ИТ компанија, основана од нејзиниот сегашен Извршен Директор, Андреј Мертељ.
Даталаб е водечка компанија во индустријата за информатичка технологија веќе 25 години и има изградено силна репутација во софтверската индустрија. Денес, PANTHEONTM решението е број 1 во регионот меѓу деловните информациски системи. Заедно со своите партнери нуди услуги за продажба, поддршка, имплементација, обука и одржување за деловната програма PANTHEONTM. Тие ја формираат една од најголемите консултантски групи во областа на ИТ во регионот и се потпираат на лојална база на клиенти и талентиран тим од вработени кои ќе продолжат да играат важна улога во успехот на компанијата во иднина.
|
По успешното завршување на преземањето, Симон Калужа како претставник на инвестициската групација ќе биде именуван за нов член на одборот на директори на Даталаб. Симон Калужа е познат по неговите лидерски улоги во регионот во рамките на организацијата SAP.
»Ние длабоко веруваме во одржливиот раст и потенцијал на Даталаб“, рече Симон Калужа, кој раководи со инвестицијата во име на инвестициската компанија. „Ќе ги здружиме силите со Андреј Мертељ, кој има неверојатно знаење од индустријата и визионерско лидерство. Наша цел е да го поддржиме одржливиот раст и да ги реализираме амбициозните цели на Даталаб. Со нетрпение очекуваме нови можности засновани на оваа соработка и вредноста што можеме да ја создадеме заедно.«
|

|
»Нашата цел е постојано да користиме иновативни решенија и да гарантираме дека квалитетната ИТ-деловна опрема е достапна за секого, дури и за најмалите компании. Денес, PANTHEONTM е број 1 бизнис информациски систем во својот сегмент во регионот и уверен сум дека Даталаб ќе продолжи да напредува и да расте.«
»Благодарен сум за напорната работа и посветеноста на нашите вработени и лојалноста на нашите клиенти, кои се основата на успехот на Даталаб“, изјави Андреј Мертељ, основач и директор на Даталаб.
Во планираното преземање учествуваат Ilirika, Jadek & Pensa, Kinstellar, AlbaCore и адвокатската канцеларија Dobravc Tatalovič Kač.
За дополнителни прашања и дополнителни информации, ве молиме контактирајте ја:
Марија Николовска, Раководител на Сектор Маркетинг, marija.nikolovska@datalab.com.mk
02 3079231
За Даталаб
Со текот на годините, Даталаб прерасна од мала компанија во меѓународна корпорација. Компанијата и нејзините вработени имаат уникатно искуство за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во развојот и растечките компании. Тимовите работат со различни компании и поединци кои ги инспирираат секој ден. Преку својот деловен информациски систем PANTHEONTM, компанијата ги носи најновите технологии на малите, средните и големите компании повеќе од 25 години, обезбедувајќи им основа за опипливи деловни резултати. Ова го инспирираше и слоганот на компанијата: Претворете ги податоците во профит. Нашата мисија е да обезбедиме квалитетен софтвер дури и за најмалите компании преку континуирани иновации. Сакаме да им помогнеме на компаниите да растат и да ги реализираат своите стратегии.
На 1 декември 2003 година, Даталаб станува акционерско друштво, во кое најголемиот дел од вработените имаат акции, што е добра основа за остварување на целите на компанијата. На 30 јуни 2008 година, Даталаб стана првата словенечка технолошка компанија која котираше на Љубљанската берза.
За повеќе информации за Даталаб и неговата нова сопственост и стратешка насока, посетете ја веб-страницата www.datalab.com.mk
Localization: MK
DL WebSites: