Novosti

16

На 31.08.2011 во “Era City” (Скопски Саем), ја одржавме “mini PanCon“ - Kонференција, на која присуствуваа партнерите на Даталаб МК и повеќе надворешни соработници.

Во првиот дел од конференцијата - “Partner Meeting“, директорот на Даталаб МК, г-дин Сашо Јовановски имаше свое обраќање до партнерите, ги презентираше остварените резултати од изминатата година и плановите за тековната година и ширењето на партнерската мрежа.

Ирина Ризинска, менаџер за продажба во Даталаб МК, ги презентираше новитетите на Партенрскиот веб сајт, како и новите партнерски договори.

На крајот од првиот дел, Ема Тошевска ги презентираше плановите поврзани со локализацијата на PANTHEON, и ја промовираше Странта за корисници (U*Site), нејзината содржина, новостите, и идните активности поврзани со развојот на онлајн заедницата на PANTHEON.

Во вториот дел од Конференцијата господинот Мет Мејфилд - советник на Даталаб за глобална продажба, одржа свое предавање за најефикасните продажни техники.

Дружењето после Конференцијата го продолживме во Винаријата во склоп на “Era City”, каде гостите уживаа во убавата храна и вината.

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...