EMATOS posted on аравдугаар сар 13, 2011 14:48
Се заврши и нашето традиционално едрење во Далмација, последната недела од септември. Како и секоја година така и оваа беа сите наши партнери, и најактивни посетители на нашата корисничка страна во изминатава година кои учествуваа и освоија награда два дена одмор.
Меѓу нив беа: Милан Орлиќ (БИХ), Мурис Шупиќ (БИХ), Себастијан Женко (Словенија), Дејан Коси (Словенија), Саша Еинсиндлер (Словенија). За жал имаше и корисници кои ја освоија наградата меѓутоа не беа во можност да ја искористат.
Како доказ, дека повторно ефикасно ги споивме работата и задоволството, ќе ги ставиме коментарите и забелешките на некои од нашите учесници:
· Нема одложување при заминување - едно лице треба да биде одговорно за точноста и планирање за сите едрилици!
· На едрење треба да се дојде (и да се остане!!!) трезен
· Би било добро сите едреници да бидат исти за да може да останеме заедно-односно, да нема разлики во брзината при пловидбата.
· Од голема помош се знамињата Даталаб поставени на едрилиците (за некој да не залута на друг едреник)
· Едрениците мора да имаат »walkie talkies«.
· Секој да си понесе по два пешкира
· Пикник е подобра идеја од вечера
· На крајот од пловидбата, секој ќе мора да напише што научил од пловидбата, и списокот од „тие мудтости„ да се објават на корисничката страна.
Се на се, ние уживавме како и предходната година. Ви благодариме на сите кои бевте присутни.
Localization: MK
DL WebSites: