Изминува една година, откако нашето внимание целосно го насочивме кон вас, наши лојални корисници на PANTHEON и останати посетители на U-site. Една година секојдневно комуницираме со вас и конструктивно ги решаваме проблемите со PANTHEON на Форумот, ги споделуваме искуствата од различни области во Бизнис Енциклопедијата, и на таков начин стекнуваме информации како да го подобриме PANTHEON, што резултира со негова полесна употреба и подобрување на вашето работење.
За тоа како се одлучивме да ја формираме PANTHEON страната за корисници, техничките подобрувања кои се направени за полесно користење на U-site, како и за тоа кои се идните планови за развој и проширување на корисничката заедница на PANTHEON, разговараме со извршниот директор на Даталаб, Андреј Мертељ.
Зошто се одлучивте за подобрување на заедницата и обновување на PANTHEON страната за корисници (U-SITE)?
Сакавме да ја промениме постоечката слика и ориентација на Даталаб, првенствено во развој на “корисничко-пријателска” компанија, поради тоа сакавме да се отвори дополнителен канал за поддршка (форум) кој служи корисниците меѓусебно да си помагаат. Бидејќи сакавме подобро да се интегрираат изворите на информации (PA-video-forum-wiki-PA) за подобра поддршка на корисниците. Бидејќи сакавме да се создаде поврзан еко-систем за корисниците, партнерите и вработените во Даталаб МК, да се зголеми довербата на клиентите на Даталаб и тоа во согласност со нашиот слоган »U*SITE приклучи се на заедницата!«, за да создадеме »племе«, на задоволни PANTHEON корисници
Како би ја опишале on-line заедницата по една година раст и развој? Mожете ли една година подоцна, откако страната е отворена за сите (не само за PANTHEON корисниците), и целокупните промени, да се зборува за значајни промени во односот со PANTHEON корисниците?
Нашите напори да се прошири on line заедницата вродија со плод, на U*SITE веќе имаме 7080 регистрирани корисници, и околу 1200 посетители дневно. Бројка што е двојно поголема од пред една година, кога немавме преземено никакви реформи на страната за корисници, ниту интензивно градење на односите со корисниците.
Што се однесува до Pantheon корисниците, на обновената страна за корисници имаме да им понудиме голем број на содржини и технички иновации, и исто така горди сме што успеавме да ја постигнеме најважната и првенствена цел, форумот беше лансиран како дополнителен, бесплатен канал за поддршка, во кој корисниците меѓусебно можат да си понудат поддршка и помош.
Покрај тоа, посетителите на U*SITE, месечно ги информираме за сите новости преку маил, и тие константно се охрабрени да ни даваат предлози, критики или коментари на u-site@datalab.si, со што сакаме да им покажеме колку го цениме нивното мислење.
Со нашиот интерес за добри односи со корисниците, и се разбира за добри односи со другите посетители на корисничката страна сакаме да оствариме зајакнување на личните контакти – за таа цел, во ресторантот Харфа се организираат месечни средби со оние кои се најактивни на U-сајтот. Покрај тоа, посетителите се охрабруваат на комуникација преку привлечни наградни игри, и исто така успешно ја шириме нашата Фејсбук заедница со голем број на обожаватели на Даталаб.
Покрај одличната графичка обнова, на U*SITE воведовте голем број на технички и содржински подобрувања. Кои од нив посебно би ги издвоиле?
Сега страната за корисници е попрегледна и лесна за користење, а посебно би го издвоил НОВИОТ ПРЕБАРУВАЧ, каде што корисникот однапред може да најде и да пребарува соодветна содржина. Како на пример за одредена тема во упатствата, форум или видео галеријата, корисникот едноставно добива целосен преглед за конкретниот проблем со помош на иконата за »Поврзана содржина«.
За Pantheon корисниците, знаењето за Pantheon (инструкции, видеа, форуми, коментари) го поврзавме, така што корисниците ги водиме од проблем до решение, со што ја направивме работата во програмот поефективна.
Иако сите промени регуларно се објавуваат во секцијата »Новости «, корисно би било некои од нив повторно да се потенцираат, на PANTHEON корисниците им овозможивме на U*SITE, да имаат пристап до промените во различни верзии, кои може да ги најдете тука! Од сега па натаму,постојат повеќе можности за помош на далечина (RDS) – корисник му помага на друг корисник - овие алатки се бесплатни, единствен услов е да сте PANTHEON корисник и да сте логирани на U*SITE. Прочитајте повеќе информации во врска со тоа тука. Исто така, овозможивме отварање на тикети директно на HELP DESK непосредно од e-маил адресата pomoc@datalab.si (треба само да кликнете на бројот на тикет). На таков начин ќе добиете известување дека ви е испратен одговор на Вашето прашање, на вашата e-маил адреса (доколку ја имате оставено на страната) нотификацијата ќе пристигне автоматски со кликање на одговорот.
На корисниците, исто така им овозможуваме, договорот за освежување на PANTHEON да го продолжат директно преку U*SITE. За повеќе информации, кликнете тука.
Споредено со другите Кориснички портали, U*SITE не е вообичаен. Што го прави поразличен?
U*SITE не е класичен портал за помош на PANTHEON корисниците, но нашата намера е да го направиме примарен пребарувач кој ќе содржи актуелни информации од областа на сметководството, менаџмент, претприемништво, ефективна комуникација, говоречки вештини и многу други области, и не само на PANTHEON корисниците, туку и на сите посетители.
Посебно сме горди на нашата долгогодишна онлајн библиотека достапна за сите - WIKI БИЗНИС ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, која е, секако, бизнис-образовен е-концепт на иднината: Автори од различни области месечно подготвуваат интересни содржини. Енциклопедијата е по принципот на Wikipediа- отворена платформа каде што ќе може да додадете своја содржина. До сега придонес дадоа угледни автори и експерти од различни области (FOV, JAPTI, Data, Institute Rakmo, Natasha Tovornik, Sasa Einsiedler ...), но секако сакаме да поканиме и голем број нови автори.
Дозволете ми да го споменам и видео сегментот – во така наречената PANTHEON ТВ на која објавуваме видео совети за PANTHEON и интересни содржини за претприемачите. Видео сегментот, каде што постојат записи од PANTHEON конференции и други образовни настани како дел од Даталаб Академија, е вториот најпопуларен дел на U*SITE, и тоа секако е интересно место да се рекламирате или да го промовирате вашиот бизнис.
Која е Вашата визија за развој на PANTHEON У-сајтот за во иднина?
Во иднина планираме да ја заживееме и подобриме секцијата »Пазар« – кој ја опфаќа понудата на нашите партнери кои развиваат сопствени решенија, кои се поврзани со PANTHEON, и работат врз негова основа. Моментално работиме на обновување на »Пазарот« според концептот на Apple/Google store, што значи обезбедување на практични решенија, овозможувајќи брзо превземање и користење. Покрај тоа планираме проширување на понудата за многу други деловни активности и бизнис решенија, на глобално ниво за сите Земји и контакти за проекти кои што се интересни, а со тоа проширување и поедноставување на можностите за користење на PANTHEON.
Ќе ја зголемиме транспарентноста на Форумот, ќе го промениме неговиот облик, ќе им овозможиме на посетителите да следат одредени теми на Форумот од последните 24 часа и дополнителни информации за саканата тема преку е-маил. На форумот во план е да се воспостави новост, така што експерти од различни области, ќе одговараат на прашањата на посетителите на U*SITE. Би сакале да продолжиме со нови интересни содржини на PANTHEON ТВ и нашата WIKI БИЗНИС ЕНЦИКЛОПЕДИЈА. Како што споменавме, постојат повеќе опции за помош на далечина (RDS) каде што секој корисник ќе може да се поврзе со било кој корисник, на пример еден корисник ќе може да му помогне на друг - сметководствените бироа можат да помогнат на свои корисници итн. Овие алатки се бесплатни, единстевн услов е да сте корисник на PANTHEON, логирани на U*SITE.
И на крај сакаме во рок од шест до дванааесет месеци, на сличен начин како словенечкиот U*SITE, да заживее U*SITE и во другите земји и Даталаб филијали - Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Македонија, каде и моментално се шири заедницата.
Localization: MK
DL WebSites: