|
|
EMATOS posted on mars 23, 2012 12:13
Три дневното дружење во март во Бовец го започнавме со работилница на која “Даталабовците“ од Словенија и останатите подружници во земјите од поранешна Југославија, разменивме нови бизнис идеи и направивме планови за следните месеци, а потоа извршниот директор на Даталаб ДД, Андреј Мертељ ги презентираше остварените резултати од претходната година.
Вечерта ја продолживме во барот “Црна Овца“, а веќе следното утро топлото сонце направи да уживаме на падините на Канин, кои сеуште се покриени со снег.
И следната вечер - по обуката во подготовка на коктели, ја продолживме во “даталабовски стил“!
Последниот ден исто така го продолживме со спортски активности - скијање и планинарење, а по заедничкиот ручек со крокодилски солзи во очите си кажавме збогум :)
И оваа година си поминавме одлично, незаборавно, насмеано, сончево, весело, а пред се ефикасно во однос на меѓусебното запознавање и интеракција!
Localization: MK
DL WebSites:
There are currently no comments, be the first to post one!