PANTHEON™ Help

 Toc
 PANTHEON Hilfe - Willkommen
[Reduzieren]PANTHEON
 [Reduzieren]Leitfäden für PANTHEON
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON Einzelhandel
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON Vet
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON Farming
 [Reduzieren]Benutzerhandbücher für PANTHEON
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für PANTHEON
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für PANTHEON Einzelhandel
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für PANTHEON Vet
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für PANTHEON Farming
[Reduzieren]PANTHEON Web
 [Reduzieren]Leitfäden für PANTHEON Web
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON Web Light
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON Web Terminal
  [Vergrößern]Leitfaden für PANTHEON-Web Recht
 [Reduzieren]Benutzerhandbücher für PANTHEON Web
  [Vergrößern]Erste Schritte PANTHEON Web
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für PANTHEON Web Light
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für das PANTHEON Web-Terminal
  [Vergrößern]Benutzerhandbuch für PANTHEON Web Legal
[Reduzieren]PANTHEON Granulate
 [Reduzieren]Leitfäden für PANTHEON Granulate
  [Vergrößern]Granula Kadri
  [Vergrößern]Granula Reiseaufträge
  [Vergrößern]Granula Dokumente und Aufgaben
  [Vergrößern]Dashboard Granule
  [Vergrößern]B2B-Bestellungen Granulat
  [Vergrößern]Feldservice-Granulat
  [Vergrößern]Granula Inventura osnovnih sredstev
  [Vergrößern]Granula Inventura des Warenlagers
 [Reduzieren]Benutzerhandbücher für PANTHEON Granulate
  [Vergrößern]Erste Schritte
  [Vergrößern]Personalgranulat
  [Vergrößern]Reiseaufträge Granulat
  [Vergrößern]Granula Dokumenti
  [Vergrößern]B2B-Bestellungen Granulat
  [Vergrößern]Dashboard Granule
  [Vergrößern]Feldservice-Granulat
  [Vergrößern]Bestandsgranulat für Anlagevermögen
  [Vergrößern]Lagereinlagerung Granulat
[Vergrößern]Benutzerseite

Load Time: 1500,0233 ms
"
  1001235 | 211401 | |
Label


Електронска ДДВ пријава

 

Пријавата за ДДВ мора да се достави до даночните власти до последниот работен ден од месецот што следи по крајот на даночниот период. Дури и ако даночниот обврзник не е должен да плати ДДВ за даночниот период, сепак мора да достави пријава за ДДВ до даночниот овластен орган.

Подолу е пример за тоа како да се користи PANTHEON за електронско поднесување на ДДВ пријава на порталот е-Даноци.

ОПИС НА ПРИМЕРОТ

До последниот ден од месецот по даночната пријава, Сања сметководителката, раководител на сектор за финансии и сметководство во Текта, мора да ја поднесе ДДВ пријавата. Еве пример како се поднесува ДДВ пријава за даночниот период од 1.4. до 30.4.2022 година на системот е-Даноци. Ова се прави на следниов начин:

  1. Поставки во Администраторска конзола
  2. Одбирање на ДДВ пријава

  3. Директно прикачување на порталот е-Даноци
  4. Затворање на ДДВ пријава

1. Поставки во Администраторска конзола

При извоз на ДДВ пријавата во системот е-Даноци, програмата го зема предвид избраниот тип на компанија дефиниран во полето Вид на претпријатие од паѓачкото мени Администраторска конзола | Подесувања | Претпријатие.

СОВЕТ

Во овој прозор од Административниот панел, можете исто така да ги дефинирате поставките за ДДВ.

2. Одбирање на ДДВ пријава

Штом ДДВ пријавата е подготвена и искнижена, одговорното лице може да го прикачи документот на e-Даноци порталот.

Одговорното лице го отвора менито Материјално | ДДВ.

Прозорецот ДДВ се отвора.

Во долниот дел од прозорецот, одговорното лице ја одбира ДДВ пријавата која треба да се прикачи на порталот е-Даноци.

СОВЕТ

За инструкции како да креирате ДДВ пријава, погледнете го поглавјето ДДВ Пријава.

2.1. Дефинирање на критериумите за пресметка на ддв во табот книга на сметки

Овде се повикува на примерот за креирање ДДВ пријава во поглавјето Подготовка на ДДВ пресметка. Во овој случај, одговорното лице ги дефинира критериумите во табот Книга на сметки.

Доколку не се внесат критериуми, нема да се направи пресметка за ДДВ.

Одговорното лице ги одбира сите видови на документи со кликање на десен клик на глувчето во делот на Видови на документи и одбирање на опцијата Одбери се.

2.2. Почнување на пресметка на ДДВ пријавата

Одговорното лице го отвора табот ДДВ.

Овде одговорното лице го одбира редот со периодот за кој сака да направи пресметка за ДДВ.

Одговорното лице го клика копчето ДДВ. Програмот ги калкулира вредностите и ги пополнува полињата 11 до 72 со податоците предвидени од страна на Управата за јавни приходи на Република Македонија "ДДВ-04 пријава".

3. Директно пополнување во порталот е-Даноци

Штом пресметката за ДДВ е изготвена, одговорното лице може да ја поднесе.

PANTHEON ви овозможува да ја поднесете ДДВ пријавата директно на порталот е-Даноци.

Одговорното лице го одбира редот со период 2022-04 и клика на опцијата Извоз ДДВ - XML.

Се појавува нов панел Извоз на документот во е-Даноци.

СОВЕТ

Сега може да увезете документ од вашиот компјутер или да продолжите со автоматско поднесување на пријавата како што е прикажано во примерот подолу.

 

Полињата период од/до се автоматски пополнети со датумот за пресметка кој е внесен, во случајов 2022-04.

Одговорното лице клика на копчето Продолжи.

Прозорецот Прикачи XML се отвора, како што е прикажано на сликата подолу.

На левата страна на прозорецот се креира XML запис.

Кога ќе го кликнете копчето Поднеси даночна пријава, автоматски ќе ве префрли на почетната страна за најава на системот за е-Даноци.

 

Со кликање на копчето Пријави се, вие сте логирани на порталот е-Даноци и може да го прикачите формуларот.

4. Затворање на ДДВ пресмекта

Штом одговорното лице го поднесе овој формулар до УЈП, задолжително е да се затвори ДДВ пресметката за да се превенира промена на податоци за веќе пријавениот период.

Во табот Пресметка од прозорецот ДДВ, одговорното лице го означува периодот како затворен.

Ова се прави со означување на квадратчето во колоната З, како што е прикажано на сликата подолу.

Ова значи дека нема да може да се прави промена на материјални документи кои се во затворениот даночен период.

 

  

     


Rate this topic
Was this topic usefull?
Comments
Comment will also bo visible in forum!