Издавање на материјал

Формуларот Издавање на материјал е наменет за евидентирање на издадените количества на материјал и производственото кало на материјалната позиција.
Во формуларот се прикажани податоци за работниот налог (РН) и избраната материјална позицијат, како и податоци за планираните или преостанатите количини. Содржи поле за внес на датумот на издавање на материјалот, полиња за внесување на количините на издадениот материјал и распоред на производството и поле за внесување забелешки за издавањето.
По внесувањето на податоците, го потврдуваме издавањето. По потврдата, соодветните документи за издавање се веднаш видливи во PANTHEON.
Формуларот се отвора со избирање од менито Производство | Работен налог SE и со кликнување на една од Картичките за работен налог. Потоа кликнете на картичката Материјали. Во списокот, изберете ја Материјалната картичка за која сакаме да ги евидентираме издадените количини.

Подолу е опис на функционалноста на формата:
|
Содржина
- Лента со алатки
- Заглавие
- Пријавени податоци
|
1. Лента со алатки
Лентата со алатки на формуларот Издавање на материјал го прикажува името на формуларот и две копчиња:
| Потврда |
Со кликнување на копчето ги зачувуваме внесените податоци за издадениот материјал за поединечната материјална позиција. По потврдата, се креираат поврзани документи на издавање. |
| X (Затвори) |
Со кликнување на копчето, го затвораме формуларот и се враќаме во формуларот Материјали. |
2. Заглавие
Во заглавието на формуларот има полиња со податоци за РН и материјалната позиција за која известуваме:
| Број |
Во полето го пишува бројот на избраниот РН. |
| Позиција |
Полето го содржи бројот на материјалната позиција во компонентата на готовиот производ. |
| Материјал |
Полето го содржи името на идентот на материјалот од шифрарникот на иденти. |
| Датум |
Полето го содржи датумот на издавање на материјалот. Може да се промени со внесување или избирање датум од прикажаниот календар. |
3. Пријавени податоци
Во главниот дел од формуларот има полиња за евидентирање на количините на издадениот материјал со следните податоци:
| Количина |
Внесете ја количината на издаден материјал. На десната страна од полето има податоци за планираната или сè уште потребната количина на материјал и мерната единица. |
| Кало |
Внесете ја количината на пораст од производството. На десната страна од полето има податоци за планираната или сè уште потребната количина и мерната единица. |
| Забелешка |
Внесете ја вашата прозволна забелешка при издавање на материјалот. По потврдата, текстот на забелешката е видлив во издадениот документ. |
| Слика |
Полето ја прикажува сликата на идентот (материјалот) ако е додадена во шифрарникот на иденти. |