Filter Settings
Подесувања на филтер
Функцијата филтрирање може да се повика со кликнување на табот Подесувања на филтер. Ги филтрира сите евидентирани книжења и ги прикажува само оние записи кои се совпаѓаат со избраните критериуми. Специјалните симболи опишани во воведот можат многу да ни помогнат тука !
Бројот на налогот за книжење може да се користи како критериум за филтер (податок од заглавието на налогот за книжење) и оние податоци од позицијата на налогот за книжење :

Налог за книжење |
Бројот на налогот за книжење. |
Конто |
Бројот на контото од позицијата на налогот за книжење. |
Противконто |
Бројот на противконтото од позицијата на налогот за книжење. |
Субјект |
Назив на субјектот со кој е поврзано книжењето . |
Оддел |
Назив на одделот со кој е поврзано книжењето. |
Носител на трошоци |
Број на носителот на трошоци со кој е поврзано книжењето. |
Валута |
Валутата во која е книжена позцијата. |
Документ (од - до) |
Временски период за документ (од - до) полето. |
Датум на доспевање (од - до) |
Временски период на доспевање(од - до) . |
ДДВ (од -до) |
Временски период за ДДВ (од - до) полето . |
Документ |
Бројот на документот од позицијата на налогот за книжење. |
Врзан документ |
Бројот на влезниот документ од позицијата на налогот за книжење. |
Туѓ документ |
Туѓ документ од позицијата на налогот за книжење. |
Интерен документ |
Податоци за книжењето од полето Поврзување (види Преглед ) |
Напомена |
Текст од белешката за позицијата на налогот за книжење. |
|
Може да кликнете на ова копче, откако ќе ги внесете сите рестриктивни критериуми .
Може да продолжите со процедурата ! Во тој случај ги филтрирате сите записи на контото 1200 и сега може да продолжите со постапката и да го ограничите прегледот на книжења на поединечен купувач ! Така може постепено да дојдете до посакуваната комбинација на критериуми за филтрирање . |
Сите записи |
Ако сакате да ги прегледате сите записи кои се наоѓаат во базата со податоци, може да кликнете на ова копче, со кое ги исклучувате сите критериуми за филтрирање . |