katerinam posted on March 15, 2013 14:43
PANTHEON CLOUD за сметководствени бироа!

Претставувањето на PANTHEON Cloud услугата продолжи во Велес – нашата втора дестинација! Мината сабота, на 09.03.2013 во Велес се собраа најголемите сметководствени бироа во градот кои покажаа извонреден интерес за новиот револуционерен начин на работење во сметководството.
Настанот беше организиран во соработка со Македонски Телеком и нашиот партнер во Велес, ТраконНет. После презентацијата, на коктелот, присутите имаа можност да разговараат и да поставуваат прашања на регионалниот менаџер на Даталаб МК, Сашо Јовановски и директорката за продажба и промоција на PANTHEON ЕРП решението, Ирина Ризинска.
Нашата наредна дестинација е Струмица на 21 март 2013. Сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат на презентацијата и коктелот. Ве очекуваме!

Localization: MK
DL WebSites: