Novosti

01

Федерацијата на Фармери на Република Македонија и Даталаб МК потпишаа Меморандум за соработка

 

Федерацијата на Фармери на Република Македонија и Даталаб МК на 31.03.2013 потпишаа Меморандум за соработка. Овој настан се случи како дел од Годишното Собрание на Федерацијата при што Меморандумот го потпишаа директорот на Даталаб МК  г-н Сашо Јовановски и претседателот на Федерацијата г-н Андрија Секуловски. Свеченото потпишување се случи пред присутните делегати од целата држава како и пред претставникот на Владата – Заменикот Министер Зоран Коњановски.

По свеченото потпишување, на присутните им се обрати претставникот на Даталаб МК, кој во својот говор истакна неколку цели кои Даталаб и Федерацијата си ги поставија пред себе:

 

  • Вклучување на информатиката и деловниот софтвер кај земјоделските стопанства во Македонија
  • Комплетирање на базичните информации на фармерите кои ќе им помогнат при аплицирање за Грантови од Европска Унија, како и за кредити и субвенции
  • Воспоставување на основна ФАДН мрежа на податоци во Република Македонија

 

На собирот беа најавени и наредните активности кои Даталаб и Федерацијата ќе ги извршат во наредниот период, при што во текот на Април 2013 фокусот ќе биде едукација на тимот на ФФРМ и подготовка за посета на повеќе региони за трансфер на знаењето кон фармерите во Македонија.

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...