News

31

Во петок на 24.05 во 18:00 часот, во просториите на колеџот Бања Лука беше отворено третото натпреварување во сметководство под името мини олимпијада “Сметководство 2013”. Ова е едно од поголемите случувања помеѓу студентите во регионот, бидејќи учество во ова натпреварување имаат 13 еминентни факултети/универзитети од 5 држави, односно 19 екипи од по 3 членови. Бања Лука на едно место собра и младост и знаење, што во денешни услови е многу тешко.

Претседателката на организациониот одбор на мини олимпијадата “Сметководство 2013”, д-р. Милица Лакич заедно со претставникот на генералниот спонзор Даталаб, г-динот Недим Пашич, ги поздрави присутните гости и им посака топло добредојде, пријатен престој и успешен натпреварувачки ден. Во своето обраќање, Претседателката со голем оптимизам им порача на присутните гости “ајде сите заедно со големи напори и во најкраток можен рок, во името на ова натпреварување го избришеме зборот МИНИ и постанеме голема ОЛИМПИЈАТА”.

На присутните им се обрати и еден од членовите на групата основачи на колеџот Бања Лука, д-р. Ненад Новакович кој им посака добредојде и пријатен престој како и многу успех во натпреварувањето. На отварањето учествување и м-р. Билјана Војводич, заменик министер во Министерството за наука и технологија. Она нагласи дека со ова случување кое прерасна во традиција, колеџот Бања Лука треба да се гордее бидејќи “ваквите натпреварувања го афирмираат знаењето од областа на сметководството и ги наградуваат и промовираат најдобрите студенти”. Потоа со следниве зборови “Меѓународното натпреварување “Сметководство 2013” е отворено и можеме да нагласиме дека сите оние кои се пријавиле на ова натпреварување се веќе победници”го отвори натпреварот.

Сабота 25.05 беше ден во знакот на младоста бидејќи на колеџот Бања Лука се собраа млади од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија на едно место каде што ќе може да го презентираат своето знаење од областа на сметководството. Иако   олимпијадата “Сметководство 2013” е натпреварување во знаење, сепак денот помина во спортски дух – сите натпреварувачи се трудеа да бидат подобри од другите и да постанат победници, додека нивните ментори гласно ги бодреа. На теренот беа судии и членови на комисии кои на крај имаа многу тешка задача – да одлучат кој е победник. Комисијата се одлучи да победник на олимпијадата “Сметководство 2013” е екипата од Јурја Добриле од Пула – оддел за економија и туризам “Др. Мијо Миркович”; второто место заслужено го освои екипата од Универзитетот Кирил и Методиј – Економски факултет Скопје, а третото место им припадна на студентите од Факултетот за организациони науки од Белград. Победници во поединечна конкуренција се: Ненси Велјановски (прво место) од Јурја Добриле од Пула – оддел за економија и туризам “Др. Мијо Миркович”; Мите Атанасов (второ место) од Универзитетот Кирил и Методиј – Економски факултет Скопје, а третото место беше поделено помеѓу шест натпреварувачи, бидејќи сите освоија по 45 бодови.

Третопласирани се:

  1. Branka Đajić – Бања Лука колеџ
  2. Ognjen Ašković - Факултет за организациони науки од Белград
  3. Mirza Kasum – Економски факултет Сараево
  4. Nikola Zornić - Факултет за организациони науки од Белград
  5. Vladana Katanić – Факултет Slobomir P Univerzitet, Fakultet za ekonomiju i menadžment i poreska akademija Slobomir, Bijeljina
  6. Sonja Gavrić - Slobomir P Univerzitet, Fakultet za ekonomiju i menadžment i poreska akademija Slobomir, Bijeljina

Организациониот одбор и генералниот спонзор не сакаа да прогласат само еден победник како третопласиран, а тоа е директен доказ дека олимпијадата не би била така успешна без добар организатор и спонзори кои обезбедија награди, храна и пијалоци за натпреварувачите. Организаторот за првите три првопласирани екипи обезбеди продолжен викенд на Влашица, за првите две места персонален компјутер а за третопласираните имаше посебно изненадување од директорот на Даталаб, Андреј Мертељ – сите шест натпреварувачи заедно со двата првопласирани натпреварувачи ги награди со четири дена едрење во период од 29.09 – 05.10.2013 на Корнатските острови.

Сето ова укажува дека овој ден беше успешен ден – ден исполнет со дружење, публикација на наставната програма за сметководство, промоција на часописот “Актуелности” и одлични награди бидејќи ова е успех за сите. Ова случување говори за квалитетот на студентите и квалитетот на институциите од кои доаѓаат овие млади и борбени студенти.

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...