News

25

Даталаб Тим Билдинг - 2011
 
17., 18 и 19. февруари во Бовец (Словенија) »трениравме« меѓусебно запознавање и поврзување на »даталабовски« начин. :-)

Се започна едно ладно и мрачно попладне во малото планинско место Бовец под Канин (Словенија). Срдечниот поздрав со рака и топлите прегратки се мешаа со збунетите погледи и воздржаните насмевки со блага несигурност. Мнгоумина беа многу уморни после долгиот пат... Но, кога малку се одморија, започна вистинска »југо-носталгична« вечер со Даталаб од целиот регион, што дополнително ја разубави пријатната атмосфера во хотелот Алп, каде бевме сместени.

После вечерата ја “окупиравме“ собата за билијар, која многу брзо сфативме дека неможе да ни го понуди она што сакавме (= издржлив персонал, кој би бил спремен да не слуша до раните утрински часови), па отидовме до блискиот локал “Црна овца“, каде добро не “издржаа“. Можеме да се пофалиме дека вечерта заврши без поголеми жртви. :-)
 
После краткото (не) спиење, не дочека убав и сончев ден на снежните терени на Канин. После добрата забава од претходната ноќ, ја повторивме приказната - иако во помал обем - и во петокот вечер и следниот ден, си дозволивме уште едно спортско дружење на снег; овој пат на италијанската страна од скијалиштето. Примерно »набилдани« го завршивме дводневното дружење на ручекот и се поздравивме, бидејќи од умор почнаа да ни »паѓаат главите« на маса.

Дружењето беше забавно, насмеано, сончево, спорски, разиграно, диво, и пред се - ефикасно во смисла на меѓусебно поврзување и запознавање.

Вакво нешто би требало да организираме на секои 3 месеци!!! :-)

Супер!!! Кој е за, нека се пријави! :-)



 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...