News

08

Директорот на ДАТАЛАБ МК, Сашо Јовановски во свое интервју за порталот Mnogoo, зборуваше за деловниот софтвер во Р. Македонија.  Ви пренесуваме дел од содржината на интервјуто...

Каква е состојбата во фирмите во регионот по прашање на деловен софтвер?

- Деловниот софтвер, што може да се види во фирмите во Македонија и регионот, покажува голема разновидност. Тоа може да се согледа дури и по синонимите што се користат за деловен софтвер, па можат да се чујат називи како ЕРП (што е интернационална класификација), програма за финансиско-материјално работење (што како име не ги опишува сите сегменти што треба да ги покрие еден деловен софтвер) или програма за фактурирање (што е само еден микросегмент од деловниот софтвер). Сепак, кога ќе се направи анализа на фирмите во регионот, ќе се забележат мал број на компании што користат модерно решение за следење на протокот на документацијата, имаат комплетна контрола врз информациите, донесуваат одлуки врз основа на билансите на успех од нивниот деловен софтвер. Мал број фирми имаат имплементирано бизнис-интелигенција во своите компании. Може да се каже дека помалку од еден процент од компаниите имаат претстава што е бизнис-интелигенција во нивниот деловен софтвер. Од друга страна, голем број компании користат софтверски решенија од мали фирми или поединци, при што квалитетот и одржливоста на таквите решенија најчесто зависат од еден човек. Секако, не е пријатно судбината на фирмата, квалитетот на бизнис-одлуките да се носат врз основа на вакви системи, но фирмите најчесто исплашени од какви било промени заглавуваат долги години без да направат чекор напред. Интересно е да се видат како фирмите се поврзани со овие човек-фирма и како квалитетот и резултатите на фирмата се во релација со квалитетот на решенијата што ги користат. За среќа, ова почнува значајно да се менува во сите земји во регионот!

Кои се најчестите проблеми со деловниот софтвер што ги имаат фирмите во Македонија и дали можете да направите паралела со другите држави од регионот?

- Постојат одредени разлики токму во процентот на учеството на бренд-деловни софтвери во секојдневното работење. Практично, Македонија, заедно со Косово, слабо стои во користење на вакви бренд-продукти. Мислам дека ова е резултат на годините кога во Македонија се изработуваше конкурентен деловен софтвер. За жал, најдобрите македонски фирми, притиснати од нелојалната конкуренција на човек-фирма, некаде во 2002 година се откажаа од понатамошен развој на деловни решенија. Сепак, најчестите проблеми се заеднички: Прво, немање контрола врз некурентната резерва. Тоа се артиклите што не ги трошите, а стојат на рафтовите на фирмите со години. Тоа се мртви средства на нашите компании, што мораат да се активираат. Второ, слаба организација на набавката и испораката. Премногу често производството чека некоја суровина да пристигне за да се продолжи производниот процес. Или купувачите чекаат на стока што им е ветена, но по грешка испорачана на друг купувач. Трето, непознавање на финансиската состојба на фирмата. Тие стануваат свесни за својата неликвидност и непрофитабилност премногу доцна, кога не можат многу да преземат. Четврто, непостоење на квалитетна кадровска служба, што треба да води сметка за најзначајниот ресурс во фирмата – вработените. Петто, план и анализа. За жал, голем број од фирмите во Македонија воопшто заборавија на оваа техника. Без овој контролен механизам бродот на фирмите оди во непознат правец и еднаш годишно, по завршната сметка, фирмите го проверуваат курсот на движење и повторно тргнуваат во едногодишно патување без компас! Многу опасна игра, што многу компании во услови на криза комплетно ги уништи....

 

Повеќе на следниот линк: http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Profil/intervju-delovniot-softver-vo-makedonija.

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Podjetništvo

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...