News

29

На 26.11.2014 Даталаб МК организираше промотивен настан во Битола по повод мигрирањето на Мегасофт, најновиот партнер на Даталаб, од своетo ERP решение на Пантеон. 

Ирина Ризинска, директор на Даталаб МК, го отвори настанот со претставување на групацијата Даталаб, а потоа ги презентираше придобивките од новите технологии и функционалности кои се дел од Пантеон.

Покрај тоа, потпретседателот на Даталаб технологии Тихомир Стриќевиќ, ја изложи програмата Даталаб PFC (Partners From Competitors), која се базира на идејата за креирање партнери од конкурентски фирми. Дел од партнерите на Даталаб исто така го споделија своето искуство во имплементирањето и користењето на Пантеон.

Главната цел на овој настан, на кој присуствуваа претставници од околу 25 компании, беше да се информираат постоечките клиенти на Мегасофт за специјалните понуди за мигрирање на Пантеон.

 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...

PANTHEON 11