EMATOS posted on 4월 11, 2011 17:44
На 7 и 8.04.2011 во малиот прекрасен град - Брчко во Босна , беше спроведена интензивна обука за продажба за тимот на Даталаб и партнерите.
Обуките беа обемни и многу поучни. Сите учесници активно учествуваа во групната дискусија и практичните вежби.
Првиот ден обуките ги водеше искусниот предавач и тренер од претпријатието “BMC International“ - Хрватска, г-дин Сашо Карловчан.
Вториот ден учесниците ги совладаа продажните техники заедно со г-дин Мет Мејфилд (советник на Даталаб за глобална продажба), со Маја Фујан (водач на маркетинг тимот и микро каналот) и Каја Гомзи (асистент за водење на партнерскиот канал).
По обуките, во согласност со Даталаб слоганот: “Work hard, party hard!“, дружењето продолжи во пријатна прошетка, за потоа да кулуминира во одлична забава која траеше до утринските часови!
Благодарност до сите учесници и предавачи, и многу успех во продажбата!





Localization: MK
DL WebSites: