News

25

Нова политика на лиценци – ограничување на бројот на компании (бази)

 

Како што веќе ве информиравме на почетокот на декември 2015, од 2016-та година воведовме неколку измени во врска со политиката на лиценци.

Го ограничивме бројот на компании, кои можат да се водат со PANTHEON LX, LT, RE и SE лиценците на 3 компании (бази). За лиценците ME, GE и MF бројот на бази останува непроменет.

Доколку веќе имате повеќе од 3 активни бази и користите некои од горенаведените лиценци ќе морате најкасно до 15.4.2016 да преминете на PANTHEON ME лиценцата. За промена ве молиме да се обратите на вашиот овластен партнер.

Преминувањето е бесплатно, во врска со трошоците за купената лиценца, значи дека требате да плаќате годишна надоградба за цените на новата лиценца.

 

Додатни функционалности, кои ви ги нуди надградбата во PANTHEON ME: 

 

>>> Бизнис анализи ZEUS

 Преглед на бизнисот едноставно се прилагодува спрема потребите на вработените. Со оглед дека бизнис анализите се веќе интегрирани во PANTHEON не бара никакво прилагодување или програмирање. Претходната интегрираност со централен систем значи и пониска цена и помалку трошоци за одржување!

Во напредните фази на PANTHEON (од лиценцата ME па понатаму) е вградена моќна бизнис аналитика, која овозможува преглед на бизнисот од сите нивоа на компанијата.

·         Планирање: помош во подготовка на бизнис планови, годишни планови и споредба помеѓу планираните и реализираните активности.

·         Известување: обликување на извештаите од работењето на неделни, месечни и годишни нивоа со известување преку електронска пошта(e-mail) и изградба на годишни извештаи.

·         Бизнис аналитика: во форма на ротациони табели, и графикони со директен пристап до оригиналните податоци и документи (пребарување по документи).

·         Побрз преглед на работењето:  табла со графикони, индикатори и други        

       релевантни информации. 

 

>>> Сметководствена конзола

 Како втор важен дел на ME лиценцата, овозможува автоматизација на книговодствени задачи, предупредување за грешки, преглед на извршената работа. Таа е наменета за поефикасни сметководствени услуги.

·         Преглед на работата на повеќе бази на податоци на компаниите, каде што тие работат во службата и пренос на податоци во периодична исплата.

·         Контролни исписи од главната книга за повеќе бази на компании на едно место

·         Контролните исписи се испраќаат секојдневно на e-mail.

·         Можноста за отворање документи и печати во други бази на податоци преку кратенки.

·         Можноста за автоматско објавување на издадени, примени, или POS сметки „преку ноќ“.

·         Поставување свои кратенки за функционалноста на програмата.

·         Со авторизација може да се ограничи пристапот на корисниците или пристап до одредени делови на програмата.

·         Корисникот може да извезува податоци, регистри, евиденција и извештаи во PDF или Excel, каде што може да ги користи по желба или обликува.

·         Едноставно кликнете два пати на одредена вредност на бруто билансот за добивање на информација, од каде е добиена оваа вредност или отворете сметка со едно кликнување на документот.

·         Корисникот освен бројните дефинирани стандардни извештаи има можност да креира сопствени извештаи и анализи.

·         Во зависност од вашите сопствени потреби, може да дадете предлози за автоматско (повторно) книжење на бизнис извештаите.

·         Можност за самостојна изработка на завршни сметки за вашата компанија и за потрошувачите. 

 

Повеќе за PANTHEON X.

 

 

 

Даталаб МК, д.о.о.е.л.  |  Ул. Лондонска 19. 7-8 МК-1000 Скопје|Тел 02 3079 231|Факс 02 3090 210, info@datalab.com.mk

Localization: MK
DL WebSites: MainSite
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...