marijanik posted on July 30, 2025 09:53
Почитувани корисници,
Во Даталаб воведуваме нов, поедноставен начин на наплата на услуги, кој ќе ви овозможи поголема прегледност, помалку администрација и пониски трошоци.
Во деловната година што трае од 1.7.2025 до 30.6.2026, сите клучни услуги на Даталаб– трансакциски услуги, гранули, годишно одржување (UC) и USD услуги – ќе бидат обединети на една заедничка фактура. Наместо повеќе одделни фактури, ќе добивате една месечна фактура, издадена на почетокот на месецот за услугите реализирани во претходниот месец.
Ова значи:
• Помалку хартија, поголема прегледност
• Намалена администрација
• Ниски трошоци за процесирање на фактури
Дополнително, воведуваме праг за минимален износ на фактура: доколку вкупната месечна вредност не го надмине износот од 3000 ден, фактура за тој месец нема да се издаде, туку износот ќе се префрли во наредниот месец. Ако и понатаму не се надмине прагот, фактурата ќе се издаде на 31.12.2025, а следната на 30 јуни 2026.
Првата заедничка фактура ќе ја добиете на почетокот на август 2025, за услугите извршени во јули.
Воедно, со задоволство ве информираме дека цените за годишна надоградба и лиценци остануваат непроменети во новата деловна година – и покрај зголемените влезни трошоци и инфлацијата. Нашата цел е да останеме ваш сигурен партнер во контролата на трошоците и долгорочната стабилност на вашето работење.
За сите дополнителни информации, слободно контактирајте нè на info@datalab.com.mk
Ви благодариме за довербата и се радуваме на понатамошна успешна соработка!
Со почит,
Тимот на Даталаб
02 3079 231
Localization: MK
DL WebSites: