EMATOS posted on June 06, 2012 09:24

ДАТАЛАБ Д.Д. И ДАТА Д.O.O. – СИГУРНИ ПАРТНЕРИ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС
Дата д.о.о. е приватна компанија со 33 високо образовани вработени лица кои обезбедуваат сеопфатна поддршка во стартувањето на сопствен бизнис. Во нашата дејност, ние сме водечка компанија според искуството кое го поседуваме, стекнато низ годините почнувајќи од 1991 год. Наша желба е да видиме пораст во бројот на нови компании и нивниот придонесот за раст на вработеноста, креирање на нови работни позиции и побрз развој на нови компании. Во 2010 год, Дата д.о.о. се стекна со највисоко признание за својата работа во текот на дваесетте години постоење, добитници сме на Европската Награда за Претпријатија во Унапредување на Бизнис Средината, со проектот Програми за Обезбедување на Поддршка за Претприемачи во Насока на Намалување на Стапките на Затворање на Бизнисот.
» Се што Ви е потребно е под еден покрив «
Ќе добиете голем обем на услуги за да направите поедноставен влез во нов бизнис на Словенечкиот пазар, се под еден покрив. Со наша помош, ќе заштедите голем дел од Вашето време.
Пет чекори за стартување на компанија:
1. Консултации пред започнување
2. Превод на документацијата
3. Словенечки даночен број
4. Регистрација на компанијата (бесплатно)
5. Oтварање на бизнис сметка
Ние Ви нудиме:
- Пред започнување на бизнисот
- Добивање на Словенечки даночен број за физички или правни лица кои основаат или застапуваат нова компанија
- Даноци, МЧР, сметководствени и бизнис консултации
- Превод на документација
- Истражување на пазарот
- Во текот на воспоставување на бизнисот
- Данок, МЧР, сметководствени и бизнис консултации
- Покренување на новата компанија
- Стекнување на постоечка компанија
- Превод и толкување за потребните услуги
- По воспоставување на бизнисот
- Набавка на работна дозвола и дозвола за престој
- Виртуелна канцеларија
- Книговодство и сметководство
- Вработување (избор на персонал, процес на селекција, работни договори итн.)
Сакате да основате своја компанија во Словенија, но не знаете како да започнете?
Се што треба да направите е да закажете состанок со нас. Ние ќе се погрижиме за останатото. Од првиот состанок, ние ќе бидеме партнер кој секогаш ќе Ви биде при рака.
Localization: MK
DL WebSites: