Novosti

11

Даталаб МК во соработка со Федерацијата на фармерите на Република Македонија во петокот на 07.06.2013 во хотел “Континентал“ одржа работилница каде го презентира пакетот за електронско водење на евиденција на фарма. Според петгодишната национална програма за развој на земјоделството и рурален развој, од оваа година земјоделците имаат обврска да започнат со примена на основните принципи за Добра Земјоделска Пракса, според која земјоделците треба да водат евиденција во растителното и сточарското производство.

Програмот Pantheon Farm Accounting е одлична алатка која може да им помогне на земјоделците да започнат со примена на основните принципи за Добра Земјоделска Пракса, бидејќи им овозможува целокупно следење на сите случувања на фармата и евиденција на сите влезни и излезни податоци на фармата. На овој начин земјоделците ќе можат одговорно да ги водат трошоците, да го зголемат квалитетот и профитабилноста и без многу труд лесно да ја спремат целокупната документација потребна при аплицирање за кредит или за земање субвенции.

“ФФРМ има за цел да им помогне на земјоделците полесно да се соочат со предизвиците како дел од реформите во земјоделското стопанство; да донесат прави одлуки поткрепени со податоци при нови инвестиции; како и полесно да остварат профитабилност и конкурентно производство на домашните и странските пазари.”, изјави Андреја Секуловски од Федерацијата на фармери на Македонија.

Кон ова извршниот директор на Даталаб, Андреј Мертел додаде “Новите реформи и практики во земјоделското стопанство на Република Македонија се одлична можност за долготрајна и успешна  соработка помеѓу Владата на РМ, земјоделците и фармерите и ИТ. Во оваа соработка сите страни добиваат – Владата ќе има пристап до релевантни податоци кои ќе и помогнат полесно и поуспешно да ги обликува политиките во земјоделството, фармерите и земјоделците полесно ќе можат да го зголемат својот профит поместувајќи ја границата на конкурентност а во ИТ се отвора едно нова област која носи нови предизвици за софтверските компании”.

Отворањето на работилницата го заврши претставникот на Владата на РМ, г-динот Благоја Муканов кој ги поздрави ваквите проекти и порача “Иновативноста на ваквите проекти не е прашање на профитабилност туку на егзистенција – креирање на оддржлив раст на фармерите и земјоделците како и зголемување на продуктивноста во земјоделското стопанство на ниво на држава. Исто така, ваквите проекти имаат за цел и покренување на свеста кај земјоделците за Добри Земјоделски Практики кои во 2015 година ќе бидат задолжителни за добивање на субвенции и финансиска помош. Додека пак за Владата на РМ ваквите проекти се одлична алатка преку која ќе можат да дојдат до релевантни и издржани податоци со кои ќе можат полесно да ги креираат политиките за дисперзирање на финансиските средства како и намалување на бирократските активности за исплата на тие средства, се со цел земјоделците и фармерите побрзо да го осетат ефектот од новите реформи и практики”.

Пред започнување на работилницата, директорот на Даталаб Македонија, Сашо Јовановски ги поздрави учесниците и им посака успешен почеток во примената на основните принципи за Добра Земјоделска Пракса со помош на Pantheon Farm Accounting. Тој додаде “Се почестите промени во легислативата со ЕУ како и петгодишнината национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој, се предизвици не само за земјоделците и фармерите туку и за софтверските компании кои сакаат да создадат решение кое ќе може да им го олесни патот на оваа целна група кон поголема конкурентност, профитабилност и оддржлив раст. Денес земјоделецот не е само земјоделец, тој е и бизнисмен. Затоа сакам да нагласам дека овој програм не е наменет за социјалните земјоделци туку за оние земјоделци кои професионално се занимаваат со производство на храна и земјоделството го гледаат како бизнис.”

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Događaji

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...