Mašinski zadaci TRN (trajnih zasada)
Механички работи TRN (трајни насади)
Во панелот за механички работи на трајни насади се внесуваат податоци за механичките работи за контрола на растот и плодноста на трајните насади кои се извршени во одреден циклус (на пр. сечење, калемење, ...). Панелот е достапне за ниви кои имаат траен насад (лоза, овоштарник, ...)

Работа, работници и основни средства
Производствен циклус |
Производствениот циклус за кој се однесува задачата. |
Дат. задача |
Се впишува датумот кога се извршила задачата |
Задача |
Се избира задачата која се извршила. Се избира помеѓу задачите внесени во шифрарникот на иденти. Во панелот за нега и заштита може да се избере од задачи кои се означени за потребите на нега и заштита.
|
Бр. на часови |
Се впишуваат бројот на часови кои биле потребни за да се заврши задачата. |
Ниви |
Се избираат нивите во рамки на дадена парцела врз кои била извршена задачата. Прозорецот дозволува избор на повеќе ниви оддеднаш зависно потребите на фармерот. |
Работници |
Се избира работникот кој ја извршил задачата. Избираме помеѓу вработени внесени во кадровската евиденција. Со двоен клик на полето се отвора кадровата евиденција. |
Потрошен материјал |
Овде се евидентира потрошениот материјал за извршување на задачата. Подолу се појаснети сите особености на овој податок. |
Алатки |
Се избира основното средство со кое работникот ја извршувал задачата. Се избира од основните средства кои се внесени во регистарот на основни средства. Со двоен клик на полето истото се отвора. Доколку при извршувањето на задачата не било искористено основно средство, ова поле се остава празно. |
Напомена |
Се впишува произволна напомена по желба. |
Бр. документ |
По зачувување автоматски се креира документ. Доколку податоците за задачата ги промениме или ги избришеме, податоците за документот ќе се освежат, се додека документот не се прокнижи т.е. не се означи дека документот е книжен. Откако документот ќе се прокнижи веќе тој документ неможеме да го менуваме. |
Издавање на материјали од магацин

Назив на идент |
Се избира видот на идентот кој сме го примениле. |
Идент |
Од шифрарникот на иденти се избира потрошениот материјал |
Количина |
Се внесува количина на потрошениот материјал. |
ЕМ |
Избираме единица мерка за потрошениот материјал. Единицата мерка мора да се сложува со истата која е ставена за главна единица мерка во шифрарникот на иденти. |
Магацин |
Избираме магацин од кој е превземен материјалот. По правило бираме од материјалот кој го имаме на залиха. Доколку материјалот сеуште не е набавен, мораме во магацинот да означиме дека е Дозоволена негативна залиха. На овој начин можеме материјалот да го употребиме однапред, да водиме негативна залиха додека купувањето на материјалот да го означиме подоцна. |
Соп. произ. |
Ова поле служи да се означи дали материјалот е од сопствено производство или добиен по пат на набавка. |