Монета
Монета
Монета претставува безготовински начин на плаќање со мобилен телефон. За инсталација на Монета прво е потребно да се инсталира соодветен сертификат, кој корисникот го добива по електронска пошта. По пријавувањето прво притискаме на копчето 'Поставки'.
Инсталација и активација на сертификатот
Се отвора ново мени со општи поставки на апликацијата. За да започнеме со процесот на инсталација на сертификатот, го избираме копчето 'Монета'.

За да можеме да започнеме со самата инсталација на сертификатот, прво мораме да го избереме копчето 'Натажи сертификат'.

При притискање на копчето, се отвора ново прозорче со сите папки на уредот. Го избираме онаа папка каде што локално на уредот сме зачувале сертификатот, кој го добивме по електронска пошта.

Кога ќе ја избереме папката каде што сме зачувале својот сертификат, го наоѓаме фајлот со кратенката pfx.
Се отвора ново прозорче за внесување на лозинка. Внесуваме онаа лозинка, која сами ја одредивме во полето ' Лозинка за заштита и поништување на сертификатот' при пополнувањето на формуларот за издавање на кориснички сертификат кај давателот. Кога ќе ја внесеме лозинката, притискаме копчето 'Во ред'.

Сертификатот сега е успешно инсталиран и потребно е само да се активира. За да започнеме со процесот, притискаме на копчето 'Пријава'.

Се отвора ново прозорче, кое од корисникот бара PIN код. Ако не сакаме да додадеме PIN код, полето го оставаме празно и притискаме копчето 'Во ред'.

Сертификатот Монета сега е успешно инсталиран и активиран. Се прикажуваат податоците за самиот сертификат. Во полето избираме под ' Избери начин на плаќање Монета' вредноста Монета.

Додавање на Монета како начин на плаќање
По успешната инсталација и активација на сертификатот, потребно е Монета да се додаде и меѓу начините на плаќање. Се враќаме на основното мени и притискаме на копчето 'Шифранти'.
Шифрантите овозможуваат увид во податоците за клиенти, артикли, групи на артикули, единици на мера, начини на плаќање, даночни стапки, даночни групи и корисници. За да додадеме Монета како платно средство, притискаме на копчето ' Начини на плаќање'.
Се отвора ново прозорче со список на сите можни платни средства. Ако сакаме да додадеме ново платно средство, во горниот десен агол притискаме на копчето 'Нов'.

Прво е потребно да се напише називот на платното средство, потоа го запишуваме шифрата, која може да биде било која произволна бројка, а на крајот внесуваме начин на плаќање. Пошто Монета претставува безготовински начин на работење, полето 'Начини на плаќање' мора да биде поставено како картичка.
Кога ќе ги внесеме потребните податоци, притискаме на копчето 'Зачувај'. Монета сега може активно да се користи како платно средство.