Локална инсталација на PANTHEON

За локална инсталација, покрај програмата PANTHEON, потребна ни е база на податоци, која обично се инсталира на наменски компјутер, т.е. сервер. Серверот е секогаш активен за да може во секое време да се пристапи до податоците. Мора да внимаваме на поставување на соодветни безбедносни мерки кои спречуваат губење на податоци (правење резервни копии) и физичка и софтверска заштита.
Во зависност од избраниот тип на локална инсталација на програмата PANTHEON, избираме помеѓу алатките и компонентите претставени во поглавјето Инсталација на потребни алатки и компоненти.