263862
Картичка на животни - Прасиња
Картичката за животни - Прасиња е наменета за приказ на податоците за одредено животно. Во овој дел се внесуваат податоци за оние животни кои се поединечно означени.

Статус |
Со помош на статусот можеме да следиме настани поврзани со одредено животно. Статуси кои се моментално внесени во програмот се следните:
- Активна
- Пресушена
- Болна
- Издвоена
|
ИБ жив. |
Единствена ознака на одредени животни. Бројот на животното се впишува самостојно и подоцна неможе да се менува. |
Инт. ознака |
Се внесува произволна интерна ознака на животното.= |
Пол |
Се означува полот на животното |
Раса |
Расата се избира од предефинирани раси од шифрарникот на иденти. |
Ориентација |
Од веќе предефиниран шифрарник се избира ориентацијата на животното:
|
Вид по ФАДН |
Ова поле се пополнува автоматски во зависност на полот и староста на животното. Со помош на ова поле системот автоматски ги обликува извештаите за движењето на животните за потребите на ФАДН извештајот. |
Локација |
Се запишува бројот на домаќинството на кое се наоѓа животното. Локацијата се поставува по доаѓањето/раѓањето на животното. Ако животното го поместиме на друга локација, тој податок се менува автоматски. |
Група |
За поедноставен преглед на животните, креирани се групи во програмот. Групите животни може да се дефинираат во Подесувања|Сопствеништво|Домаќинство |
Датум на раѓање |
Полето се пополнува автоматски доколку животното се родило во нашето домаќинство. Ако животното е купено, податокот се пополнува рачно во облик ДД/ММ/ГГГГ или датумот се избира директно од календарот. |
Старост |
Полето се пресметува и пополнува автоматски во однос на денешниот датум и датумот на раѓање. |
Датум на издвојување |
Полето се пополнува автоматски по доаѓање на животното во домаќинството. Истовремено сите внесови кај тоа животно се оневозможени, статусот се менув, податоците за животното остануваат во евиденција како историја на податоци за тоа животно. |
Панелите кои се наоѓаат на Картицата за животни - Прасиња се: