Задачи

- Форма на задачи
- Задачи од деловен процес
- Листа на задачи
- Истечени задачи
- Печатење задачи
|
Во ова поглавје ќе се погледне формата за Задачи.
Формата може да се отвори со клик на копчето
во горниот десен агол на Пантеон десктоп.

1. Форма на задачи
На формата Задачи се задачите од сите корисници. завршени и незавршени. Задачи се креираат со креирање Задача или преку Деловен процес. Задача се извршува со двоен клик на задачата. Можно е групно извршување на задачи со избор на повеќе задачи и клик на копчето Стартувај.
После отворање на Пантеон, формата за Листа на задачи автоматски се отвора доколку има незавршени задачи за тековниот корисник. Исто така во позадина се прави проверка на истечени задачи. Се поставуваат соодветно статуси на истечените задачи. После секои пет минути се прави повторна проверка на статусот на задачите.
Доколку има отворени задачи, се појавува број до иконата. Бројот претставува број на отворени задачи.

- Грид листа со податоци за достпани задачи.
- Користете Филтри за пребарување на задачи.

Може да одберете модус за отворање со клик на копчето:
- Интегрирај форма - прозорецот на листата задачи ќе се отвори на ист начин како и другите прозорци во Пантеон
- Скокачка форма (Pop up) - прозорецот на листата задачи ќе се отвори како скокачка форма и може слободно да се движи - ова е корисно кога има два екрани
Може да се види кој модус е одбран со поглед на копчето. Избраната опција го дава копчето како фокусирано:
- модус интегрирај форма е вклучен
- модус скокачка форма е вклучен
Со десен клик на глувчето, се отвора скокачко мени со опции кои се достапни на формата: креирање нова задача, оптвори, затвори, откажете задача.

2. Задачи од деловен процес
Задачите од деловни процеси се генерираат со извршување на деловни процеси. Тоа е задача прикажана во листата во колоната Тип на календар со име Workflow tasks (Задача од деловен процес).
- ова копче се користи за избор на сите или рачно избирање со клик на лево копче на глувчето и CTRL/SHIFT на тастатура.
- ги извршува означените задачи. Задачите се извршуваат по редослед.

Кога се стартувани повеќе бизнис процеси а еден помеѓу е прекинат, добиваме известување каде што може да одбереме што ќе се случи со следниот деловен процес од низата што се уште чекаат на извршување.

3. Листа на задачи
Листа на задачи може да се креираат од било која Пантеон форма. created Тоа е задача за работа, која во листата е прикажана во колоната Тип на календар како ToDo Task.
- прво одберете задачи за работа со клик на лево копче на глувчето и CTRL/SHIFT на тастатура и потоа клик на оваа опција за да се завршат задачите.

4. Истечени задачи
Се користи копчето
за проверка на истечени задачи.

Ќе се појави порака за истечени задачи:

5. Печатење задачи
Се користи копчето
за печатење задачи, или со глувчето над иконата или со десен клик на глувчето за да се отвори паѓачко мени. Има три исписи:

ПОВРЗАНИ ВИДЕА:
Icon Notification of Opened Tasks