Употреба на хиерархии
Извези графикон како слика
PANTHEON аналитика поддржува употреба на хиерархии. За да се користат хиерархиите, прво треба да се дефинираат неколку поставки:
1. Дефинирај структура на хиерархии
За да се користат хиерархиите, треба да се дефинираат. Во нашиот случај, дефиниравме хиерархии за примарна класификација.

2. Активирај хиерархии во административната табла
За да се активираат хиерархиите на OLAP куб, нивото на хиерархиите мора да биде дефинирано. Поддржани се до четири хиерархии за секоја димензија. Ниво 0 значи дека хиерархиите не се користат на OLAP кубовите.

3. Употреба на хиерархии
Хиерархиите на класификациите се видливи во рамките на димензиите за предмети. Каде што нивото на хиерархијата е означено со знак -> ова ниво на хиерархија не постои. На пример: предметот COOKING3 нема трето ниво на хиерархија, има само две.

 |
Употребата на хиерархии во верзија 25.00 е можно само на кубот за продажба и за димензијата категории. |