Veterinarski dnevnik
Ветеринарски дневник
Во ветеринарскиот дневник се води евиденција за здравствената состојба на животните во домаќинството. Прозорецот е дизајниран според истиот принцип како и ветеринарскиот дневник кој се води на фармата во печатена форма.

Погоре прикажаната табела е само за преглед, податоците се внесуваат преку копчињата Додај и Промени. Со клик на копчето
додаваме ново лечење или превенција од болест. Со клик на копчето
ги менуваме податоците во избраниот ред. Истовремено се ажурираат и податоците во картичката на секое животно.
Внес на податоци во ветеринарскиот дневник
Со клик на копчето додај, се отвора прозорец за внес на болести и т.н превентивно лечење. Податоците се запишуваат и во ветеринарскиот дневник и во картичката на животното.

ИБ жив. |
Се избира животното кое се лечи |
Ветеринар (вет. служба) |
Се избира ветеринарот кој го врши лечењето |
Дат. на настанот |
Се внесува датумот на почеток |
Ознака на настан |
Се избира дали се работи за лечење или превенција |
Дијагноза, напомена |
Се внесува болеста и напомени |
Крај на настанот |
Се внесува датумот за крај на настанот |
Крај на млечниот период |
Се внесува датумот за крај на млечниот период |
Крај на месниот период |
Се внесува датумот за крај на месниот период |
Лек |
Од списокот се избира лекот од шифрарникот на артикли. Овде може да се внесат повеќе лекови по потреба одеднасш, секој како свој запис во нов ред. |
Количина |
Се внесува потребната количина на лекот |
ЕМ |
Избираме единица мерка за лекот |
Бр. повторувања |
Број на повторувања на лекот |
Лечење до |
Се внесува датумот до кога е вршено лечењето. |
Доколку сакаме да ги промениме податоците во одреден ред, тоа се прави со поставување во соодветниот ред и клик на копчето Промени. Се отвора идентичен прозорец каде може да се променат веќе внесените податоци. По клик на копчето Сними податоците се ажурираат во ветеринарскиот дневник и во картичката на животните.