PANTHEON™ Help

 Категории
 Главна страна - Добре дојдовте во помош за PANTHEON
[Collapse]PANTHEON
 [Collapse]PANTHEON упатства
  [Expand]Водич за Datalab PANTHEON™
  [Expand]Водич за PANTHEON Farming
  [Expand]Водич за PANTHEON Ретал
  [Expand]Водич за PANTHEON Вет
 [Collapse]PANTHEON кориснички прирачници
  [Collapse]Кориснички прирачник Datalab PANTHEON™
   [Collapse]Како да започнете?
    [Collapse]Бизнис Енциклопедија
     [Collapse]Човечки Ресурси (HR)
       "Motiviran vraboten e najdobar vraboten" - Pavle Z
      [Expand]"Vistinskite timovi gi vodat vistinskite kompanii"
     Први чекори во PANTHEON
    [Expand]Пример на употреба на PANTHEON во замислено Претпријатие
    [Expand]Инструкции за обезбедување на усогласеност на PANTHEON™ со МСС
    [Expand]Инсталација на PANTHEON и потребните компоненти
    [Expand]PANTHEON оддел за помош
    [Expand]Основни концепти и упатства за работа со PANTHEON
    [Expand]PANTHEON Систем
    [Expand]Доделување шифри
    [Expand]Движење на материјали и добра
    [Expand]Архива - Како да започнете
    [Expand]Архива
   [Expand]Често поставувани прашања за PANTHEON
   [Expand]еРаботење
   [Expand]Подесувања
   [Expand]Нарачки
   [Expand]Материјално
   [Expand]Производство
   [Expand]Сервис
   [Expand]Финансии
   [Expand]Кадри
   [Expand]ЗЕУС Деловен аналитички систем
   [Expand]Надоградба
   [Expand]Помош
   [Expand]PANTHEON Изданија
   [Expand]Персонал
    Предговор
    Ценовник
    Договор за лиценца на крајниот корисник
  [Expand]Корисничко упатство за PANTHEON Ретал
  [Expand]Корисничко упатство за PANTHEON Vet
  [Expand]Корисничко упатство за ПАНТЕОН Земјоделство
[Collapse]PANTHEON Web
 [Collapse]Водич за PANTHEON Web
  [Expand]Водич за PANTHEON Web Light
  [Expand]Водич за PANTHEON Chronos Mini
  [Expand]Водич за PANTHEON Web Terminal
  [Expand]Водич за PANTHEON Web Legal
  [Expand]Архива на стари производи
 [Collapse]Кориснички прирачник за PANTHEON Web
  [Expand]Најава во PANTHEON Web
  [Expand]Како да започнете со PANTHEON Web
  [Expand]Кориснички прирачник за PANTHEON Web Light
  [Expand]Кориснички прирачник за PANTHEON Web Terminal
  [Expand]Кориснички прирачник за PANTHEON Web Legal
  [Expand]Стара архивa на производи
[Collapse]PANTHEON Гранула
 [Collapse]Водич за PANTHEON Гранули
  [Expand]Гранула Кадри
  [Expand]Гранула Патни налози
  [Expand]Гранула Документи и задачи
  [Expand]Гранула Контролна табла
  [Expand]Гранула B2B нарачки
  [Expand]Гранула Сервис на терен
  [Expand]Инвентаризација на фиксни средства
  [Expand]Гранула Попис на магацини
 [Collapse]Кориснички прирачник за PANTHEON Гранули
   Започнување
   Користење на PANTHEON Гранули во фиктивната компанија Текта
  [Expand]Гранули и активација
  [Expand]Гранула Кадри
  [Expand]Гранула Патни налози
  [Expand]Гранула Документи и Задачи
  [Expand]Гранула Б2Б нарачки
  [Expand]Гранула Контролна табла
  [Expand]Гранула Сервис на терен
  [Expand]Инвентаризација на фиксни средства
   PANTHEON Гранула - FAQ
  [Expand]Гранула Попис на магацин
   Архива
[Expand]Кориснички сервер

Load Time: 406,2436 ms
"
  1000988 | 201023 | 215372 | Published
Label

"Motiviran vraboten e najdobar vraboten" - Pavle Z

 

МОТИВИРАН ВРАБОТЕН Е НАЈДОБАР ВРАБОТЕН!

 

Зошто не би зборувале за најголемата болка на секој вработен и како истата да се ублажи или отстрани. Мораме да се согласиме дека сеуште живееме во опшетство во кое има останато траги од времето на социјализмот кои што траги се рефлектираат и врз односот на нашите менаџери и врз вработените. Да не се лажеме дека вработените се цвеќе за мирисање и само менаџерите нечинат, тоа би било лага. Но, сепак кога бродот тоне одговорноста ја сноси капетанот па така е и во бизнисот, ако недај боже бизнисот оди кон полошо тогаш никој не вели дека на менаџерот не му се погодиле вработените, сосема спротивно, менаџерот незнаел да управува со компанијата, со процесите во истата и секако со вработените или во одредени случаеви лошата сопственичка постава влијае на иднината на компанијата, уф ова последното е страшна работа, кога пробуваат еден со друг да се надмудрат сопствениците на една компанија или ако сакате уште построги да бидеме кога во партнерскиот бизнис се прикриваат работите. И колку и да сакаме да бидеме скромни сепак на крај ќе се рече дека менаџерот е виновен.

Зошто се случуваат вакви ситуации? Зошто било кој бизнис да пропадне, зарем не е тоа жално?

Да почнеме од почеток. Што е фирмата? Дали е тоа форма на правно лице кое е некаде регистрирано и е опишано во 5, 10, 15 страни или фирмата би требало да се гледа како жива материја во која функционираат луѓе? Ајде повторно да споредиме, кога бродот ќе излезе од бродоградилиште зарем не ни се потребни луѓе за да го придвижат, ако го остават на пристаниште повеќе од сигурен сум дека нема да се помрдне и дека никогаш нема да му текне дека е брод за да еден ден заплови.

Ако се согласиме дека било која фирма е жива материја чија егзистенција зависи од луѓе тогаш можеме да почнеме да ја анализираме болката на истите тие луѓе во неа, а со тек на време и да ги идентификуваме болните точки на секоја компанија, точки од кои зависи и егзистенцијата на компанијата.

На прво место вработените, клучниот фактор за егзистенција на компанијата. Во многу случаеви сум имал проблем да се објаснам со некои менаџери дека тие како менаџери не вредат ништо без нивните вработени. Зошто? Компанија без вработени кои ја вршат работата макар и за тоа што менаџерот добро ги менаџира е како фабрика со лента за пакување но без машини за производство, замислете да си купите од продавница добро спакувана празна кутија со колачи. Сигурно ќе бидете многу „среќни“ што вашите колачи ги нема во прекрасно спакуваната кутија! Среќни?

Вработените се сепак најклучната алка во компанијата без разлика за која индустрија станува збор. Еве да размислиме малку да видиме што би била секоја од индустриите без вработени, градешништво, производство, едукација инт.

Кога веќе говориме за вработените и за тоа колку се тие важни треба секако да имаме систем за тоа како да ги третираме. Всушност, што има да ги третираме, тие се тука за да работат! Да точно е но секому му треба услови за работа, а секако и дека секој ќе си ја сработи работата најдобро ако за истото е награден соодветно или ако сакате еве ќе речеме дека секој ќе го изоди патот од 30 дена за некаков бенефит. Впрочем и животните во дивината не го изодуваат патот до изворот за вода откако истиот ќе пресуши, инстинктот ги води кон тоа да најдат нов извор за вода.

Ајде да говориме за тоа што е она што вработените ги тера да ја сработат работата најдобро што знаат и зошто имаме компании во кои вработените се незадоволни. Колку всушност е потребно за да вработените бидат задоволни?

Секојдневно слушаме како се вели, абе да бевме на запад дали ќе правеа вака? На запад кога ќе останеш повеќе на работа ти се плаќа дупло секоја наредна минута. На запад не смеат да ти се јават додека си на одмор, на запад секое вонредно викање на работа се плаќа, на запад за секоја добро сработена работа се наградува. Па добро бе толку ли е далеку тој запад? Па зарем на запад се попаметни од нас? Што е проблемот со нас? И на крај ќе прашам, кога веќе знаеме што е болката на вработените зошто неможеме да ја излечиме? Во медицината наједноставните интервенции се кога ја знаете дијагнозата!

Еве го моето размислување, ако ме прашате кој вработен е најдобар вработен, јас би одговорил дека оној вработен кој е мотивиран е најдобар вработен. Е како да ги мотивираме вработените? Еве го проблемот кој кај нас најмногу ги демотивира вработените, а воено и менаџерите.

Др. Исак Адижес, еден од петте најдобри гуруа за менаџмент во една прилика вели: Описот на вработените треба да личи на квадрат во кој што квадрат јасно и гласно се опишани сите обврски, права и награди на секој вработен. Секој вработен треба да има обврски, треба да има права и да биде соодветно награден. Квадратот е симбол на поставување јасна дистинкција за тоа до каде секој вработен може да оди во превземање на одговорност но секако и до каде неговиот менаџер може да оди во доделување на обврски и на крај на ден секако колку истиот тој вработен во границите може и треба да биде награден. Ако е така тогаш е многу едноставно, но, што се случува кај нас, ние сакаме ова да биде кристално јасно и да биде така како што треба да биде ама ако може да не го затвараме квадратот. Незатворениот квадрат ни овозможува да на вработениот му „натовариме“ уште некоја обврска дополнително. Супер! Па и не е така лошо, значи сме го процениле дека е способен да извршува повеќе од она што во моментов го прави.

Па добро, зарем неколку реда погоре не рековме дека вработениот треба да има обврски, права и награди? Па зошто тогаш му товариме само обврски или случајно заборавивме да му кажеме кои права ги има на основ на таа нова обврска и исто така како ќе биде награден за извршување на новата работна задача. Да, да, сигурен сум дека случајно, сосема случајно заборавивме да му кажеме дека има и права и награда за новата работна задача.

Што друго? Еве ќе споделам уште едно од моиет искуства од последната средба со Др. Исак Адижес кога дискутиравме на оваа тема. Го прашав: Др. Адизес па до каде ќе оди наградувањето на вработените, ако нон стоп ги наградуваме тогаш ќе се доведеме во ситуација да си ги дадеме сите пари на вработените и да не остане за нас како менаџери или за сопствениците. Одговорот беше, 1. Системи на наградување има милион, немора секогаш со пари да ги наградувате вработените. – Добро ова го знаев и претходно. И вториот одговор беше, оставете им на вработените да се самонаградуваат и да се самоказнуваат. Вклучете ги во, условно кажано, сопствеништвото на компанијата и договорете колку треба да порасне компанијата во наредниот период. Колку што јас разбрав од овој разговор, вработените треба да бидат дел од проекцијата за порастот на компанијата (ова и го бараат нашите менаџери и сопственици, значи знаат како), потоа вработените да бидат дел од извршувањето на проекцијата за да компанијата порасне колку што е проектирано дека треба да порасне (и ова го знаат менаџерите и сопствениците, значи стварно се едуцирани и знаат како) и на крај дека вработените треба сами да се наградат и казнат т.е. дека ако порасне компанијата треба да пораснат нивните награди (плати, бонуси, кариерни издигнувања, наградни патувања итн) или ако не се случи проектираниот пораст тогаш треба да сносат одговорност која е договорена со менаџментот (намалување на плати, намалување на бонуси, стагнирање на работна позиција или што и да е). Само да ве израдувам, се е како што треба кај нас, ОСВЕН моментот дека ако се реализира порастот ќарот останува на сопствениците и никако на сите останати кои влијаеле на истиот тој пораст. Е мои сопственици, менаџери и што ли да сте, убаво е кога ќе си го смените службеното издрнкано возило на кое што не се знае кој се му се има качено во ново возило кое е за едно осум класи подобро од претходното, убаво е кога ќе си купите неколку станчиња за издавање под кирија, убаво е кога ќе си отидете на одмор со фамилијата во среде сезона на ALL INCLUSIVE аранжманче и изгледа уште поубаво ви е кога ќе се вратите од одморчето да ги видите „гревовите“ како се мачат за платата која веќе четврта година ја земаат без да им се зголеми за едно евро. Навистина мислам дека фирмата „ВИ“ расте затоа што вие сте многу способни!

На крај само би додал дека ова вака не треба да биде и време е да се менуваат работите. Не не не! Да не се разбереме погрешно, не е тоа дека треба да ги смениме работите во корист на вработените, туку треба да се сменат работите за да почнеме нормално да функционираме и да секој си го добие она што си го сработил! Оној што сработил добива оној што не сработил губи! Има мерливост на секоја активност така да може јасно и гласно да се измери кој колку сработил!

ПАВЛЕ ЗИМБАКОВ

Тел.: +389 72 315 315
E: pavle.zimbakov@gmx.us;
Skype: pavle.zimbakov


 

Rate this topic
Was this topic usefull?
Comments
Comment will also bo visible in forum!