"Vistinskite timovi gi vodat vistinskite kompanii"
ВИСТИНСКИТЕ ТИМОВИ ГИ ВОДАТ ВИСТИНСКИТЕ КОМПАНИИ!
Тимска работа. Тимови. Способност за работа во тимови. Сите претходно наброени се дел од нашето секојдневие и дополнително на тоа слушаме ајде ова тимски да го сработиме, ајде малку тимски да скоцкаме некои работи за да ја избуткаме годинава подобро од минатата итн.
Што всушност е тим? Кој го сочинува тимот? Зошто служи тимот? Како треба да го формираме победничкиот тим? Како да ги избереме најдобрите менаџери за нашата компанија? Кој менаџер на која позиција треба да биде? Како да ги дознаеме неговите карактеристики? Се разликуваат ли менаџерите едни од други? Секако дека постојат основни дефиниции како одговор на прашањата, но сепак ајде да погледнеме од практичната страна и да видиме што е и како е.
Што всушност е тим? – ајде да појдеме од секојдневието и да видиме како во повеќето случаи функционира тимот. Морам да признаам дека во кусото истражување кое го направив непосредно пред да ја започам статијата дојдов до интересни сознанија кои се во прилог на целото наше опшетство гледано од функција на бизнис. Имено она што во Македонија и регионот во поголем број случаеви е актуерлно е тоа дека менаџерските тимовите во компаниите функционираат најчесто само како форма но не и во вистинска смисла. Ајде да видиме како. На пример, во некои од компаниите во кои што имав прилика да разговарам со нивни претставници покрај менаџерскиот тим како тимови ми ги наброија и тим на програмери, тим на комерцијалисти, тим на незнам, продажни агенти за големи корисници, тим на дизајнери и тука и таму некој ќе спомене дека имаат и постојат проектни тимови. Во суштина да, сите овие се тимови, но дали кога говориме за тимови мислиме на овие тимови? Кога јас говорам за тимови мислам на сосема друга форма на тимови, а таа форма е формата која треба да биде застапена во компаниите. Тимот треба да претставува збир на луѓе со различни карактери, различни вештини и различни компетенции. Тимот гледан како единка во суштина треба да биде нешто што би било посилно, поспособно и со повеќе знаење и квалификации од било кој друг вработен во било која компанија. Тимовите како тимот на програмери, тимаот комерцијалисти и така натаму не вклучувајќи го и проектниот тим во истата низа се можеби повеќе групи отколку тимови.
Во претходниот дел делумно одговоривме и на прашањето кој го сочинува тимот, но сепак еве ќе напоменам уште еднаш дека тимот треба да биде креиран од различни индивидуи кои имаат различни вештини, различни квалификации, различни карактери, различни способности и различни видувања на работите. Секако сите овие индивидуи треба да имаат и нешто заедничко т.е. една единствена заедничка работа, а тоа е исполнување на задачата која им е зададена.
И еве навлегуваме и во одговорот на третото прашање, Зошто служи тимот? Одговорот треба да биде повеќе од јасен, но сепак ајде да се обидеме да го прецизираме. Тимот служи за навремено исполнување на зададената задача при што задачата да биде ефикасно и ефективно завршена.
Се до тука е можеби и јасно, некаде повеќе, некаде помалку јасно, но сепак повеќето се снаоѓаат. Клучниот проблем е како успешните тимови треба да бидат креирани, како се формира ултра успешен тим?
Нема да навлегувам во тоа кави се грешки се прават во компаниите при формирање на тимови, нема да бидам критички настроен, но секако ќе посветиме внимение на тоа како треба да се делува.
Имено во секоја компанија, треба да се креираат тимови кои ќе бидат хармонизирани. Хармонизираноста на тимовите се состои пред се во разбирањето на различностите и секако во надопонување на „недостатоците“. Внимавајте, НЕДОСТАТОЦИТЕ е ставено во наводници!
Најчестата поделба на типовите на менаџери и вработени во компанијата е окарактеризирана во четири типа на личности (говориме гледано од аспект на бизнис и работа иако карактерите на личностите се провлекуваат и во приватниот живот на истите). Поделбата за која ќе говориме е следната, четири типа на менаџери окарактеризирани со нивната почетна буква од називот. Името на успешниот тим е ARCU а значењето на ARCU е:
- А – Accomplisher (постигнувач)
- R – Regulator (регулатор)
- C – Creator (креатор)
- U – Uniter (обединувач)
За да го задржиме високото ниво на комуникација ќе ги разгледуваме карактеристиките на секој од одделните менаџењрски типови и ќе говориме за креирање на хармонизиран тим за добро функционирање на една компанија, а одтаму со преносна смисла ќе ги трансформираме секој од нас вредностите кон пониските нивоа на вработени во организационата структура на компанијата и ќе комбинираме искуства за креирање на проектни тимови за одредени активности во компанијата.
Да започнеме накусо со карактеристиките на секој од споменатите типови на менаџери за поблиску да се запознаеме и секако да отвориме виуги за полесно препознавање на истите во организиацијата:
- А – Accomplisher (постигнувач) е тип на менаџер кој што е оријентиран кон резултати. Најчесто се тоа личности кои не дозволуваат да остане работата недовршена и на кои главен предизвик им е да ја завршат зададената активност. Во принцип не размислуваат за иднината, тие се активни сега и тука, нив ги интересираат резултати сега, веднаш.
- R – Regulator (регулатор, административец) е тип на менаџер кој е заинтересиран за деталите околу извршување на една активност. Ваквите типови менаџери можете да ги воодушевите со детали околу тоа како една активност е завршена. Внимавајте, заинтересирани се за буквално секоја точка и запирка во одреден документ кој ќе им го приложите. Следат процедури и ужасно многу ги иритира доколку некој во нивниот тим прескокне било каква процедура па макар ја завршил работата како што треба по пократок пат. Кај овие менаџери несмеете да си дозволите да избегате од договореното.
- C – Creator (креатор) – е тип на менаџер кој е секогаш со многу идеи. Од слушнете конверзација од типот на: ЈАС МИСЛАМ ДЕКА АКО ОВА ГО НАПРАВИМЕ ТОГАШ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ВАКВИ РЕЗУЛТАТИ. Ваквиот тип на менаџери е, слободно можам да кажам, во однос на првиот споменат тип чиста спротивност во однос на очекувањата и делувањата. Ако А е заинтересиран за резултати сега, веднаш, тогаш C размислува за она што би се случило и добило во иднина, после одреден период. Тој сака да делува сега, нешто да се направи сега, да се помести работата од едно на друго место, но за резултат во иднина.
- U – Uniter (обединувач) е тип на менаџер кој треба во компанијата да ја завземе позицијата на менаџер за човечки ресурси. Ваквите менаџери се познати и карактеристични по нивните развиени способности за комуникација, познати се по тоа што се миленици на вработените во компанијата, знаат да комуницираат со секого, знаат да комуницираат во различни ситуации, едноставно знаат да обединат разлкични мислења во дадени ситуации. Секако и овој тип на менаџери се карактеризира по тоа што нивните размислувања и делувања носат резултат за во иднина, не е возможно воопшто да тие донесат резултат сега и веднаш затоа што со грижата за вработените нивниот резултат е во континуитет, но се рефлектира најмногу во иднина, задоволни вработени, континуитет на вработените т.е. немање потреба од честа промена на вработените итн.
И еве една слика за полесно помнење на дадените карактеристики за различните типови на менаџери, слика за оние кои функционираат со фотографска меморија!

За да не биде се така едноставно како што и не е во практика секако дека ова не е се што треба да се знае и земе во предвид за формирање на добар тим. Посебно за формирање на добар менаџерски тим.
Како што веќе и погоре споменав, за да се формира добар тим потребно е да во тимот го имаме секој профил, но дали тоа навистина е доволно?
Според оваа методологија за која говориме, а и според некои други методологии кои исто така се познати како одлични методологии за менаџмент, она што е потребно да го има секој менаџер во компанијата е важечки код за доказ дека е вистински менаџер. Што тоа всушност значи? Важечки код е оној код кој во себе не содржи празно место или нула. Некаде на почетокот на статијата го споменавме моделот, името на успешниот тим, моделот, тимот наречен ARCU, моделот всушност претставува и код. Можат да постојат различни верзии на кодот, а сепак да бидат важечки. Ќе се обидам да ги доловам важечките кодови, а секако ќе ги наведеме и оние неважечките. Ќе поразговараме и за едните и за другите, а дотогаш размилувајте и давајте сугестии кои би можеле да се важечки кодови кои не, како доаѓа до истите итн итн. До следната средба која ќе биде за 10 до 14 дена ги очекувам вашите искуства во формирање на тимови.
Оваа статија се темели на една од најдобрите менаџмент методологии на светски ранг по која што методологија функционираат многу познати компании во светот.
ПАВЛЕ ЗИМБАКОВ
Тел.: +389 72 315 315
E: pavle.zimbakov@gmx.us;
Skype: pavle.zimbakov