Кориснички прирачник за Datalab PANTHEON
Корисничко Упатство DataLab PANTHEON™
Добродојдовте во делот за помош на PANTHEON
Одделот за помош е поделен на два дела Упастство и Водич. Упатството содржи практични примери и "чекор по чекор" инструкции . Водичот се однесува на прозорците на PANTHEON и неговите функции.
Ако сте нов корисник ви препорачуваме да започнете со користење на книгата за Стартување .
Прв пат во PANTHEON?
Pantheon претставува целосна информациска поддршка за деловното работење и е составен од повеќе модули.
За корисниците е наменето поглавјето Како да започнете, каде што се претставени поставките за Pantheona, како и опис на системската инфраструктура со која корисниците може да работат.
Основите на Pantheona се прикажани во поглавјето Основи на PANTHEON.
Разбирање на PANTHEON
Со оглед на тоа дека програмскиот пакет содржи шифрарници, пред да се отворат шифрарниците (пр. партнери, иденти итн) погледнете го поглавјето Упатство за шифрирање.
За успешна работа со PANTHEON потребно е правилно да се постават сите видови документи што ги употребува претпријатието. Посебно внимание е потребно за магацините и материјалното работење. За производните претпријатија се важни работните налози и затоа треба да се погледне поглавјето Производство - вовед.
Секојдневна работа со PANTHEON
Поглавјата кои следуваат се логички расределени, а на почеток треба да се внесат шифрарниците во поставки на програмскиот пакет.
Модул Нарачки
во кој се обработуваат примени и издадени нарачки.
Модул Производство
во кој се обработуваат производи врз основа на различни работни налози. Исто така е можно планирање и прекинување на производна активност и преглед на извршеното со помош на аналитика во производство.
Модул Материјално
во кој се работи со иденти, креирање и пренос на документи помеѓу магацини, водење на ДДВ евиденција, преглед на залиха и пресметка на примени и издадени сметки.
Модул Сервис
во кој се обработуваат рекламациски и други сервисни барања.
Модул Финансии
ги содржи сите сметководствени функции. Можно е рачно или автоматско книжење, испис на пресметки (различни биланси), благајничко работење, ликвидатура и камати.
Модул Кадри
евиденција за вработените. Покрај тоа има функции за патни налози и модул за плати.
Модул Работна површина
овозможува употреба на одредени функции со посебно дефинирани прозорци.
Сите пораки и предупредувања кои ги има PANTHEON се собрани на едно место со опис за нивно користење.
Додатни програми на PANTHEON
Покрај PANTHEON постојат и додатни програми кои се со него поврзани како ATENA, CHRONOS и OTOS.
Поглавјето АРЕС е наменето за развојната околина, со која може да се овозможи додатна функционалност на PANTHEON.
Администрација на PANTHEON
Тоа е системска и техничка администрација поврзана со програмската опрема потребна за работа - Администрација на бази.