Креирање исписи
 |
За креирање исписи потребно е да имате инсталирано печатар на вашиот компјутер. Доколку немате тогаш нема да можете да креирате исписи! |
Пред да почнете со креирање исписи потребно е да ја погледнете употребуваната терминологија:
Испис
Терминот Испис опишува преглед на податочни записи од база. Исписот дефинира изглед на прегледот (поставеност, фонтови, организација на податочните полиња итн) Пример, доколку сакате печатење на листа на адреси, користите испис во кој кажувате кои полиња од базата за адреси да се печатат и по кој редослед. Исписот може да ги печати податоците како список, страна по страна или по кој било редослед кој вие сакате.
Табела
Датотека со податочни записи од ист тип се нарекува табела, пример датотека со информации за адреси, артикли или ставки во фактура. Табелата може да биде во една датотека, пример DBase или Paradox датотека, или може да биде дел од база (види подолу).


Барање (Query)
Барањето се состои од SQL наредби, кои се користат за да се пристапи до табела или база и да се добие група на податочни записи. SQL значи "Structured Query Language" и е вид на програмски јазик за релациони бази. Целосен опис на SQL е надвор од опсегот на ова упатство но има многу книги од оваа област.
Податочна група (Dataset)
Податочна група се користи како збирно име за табели и барања.
База на податоци
Табели и барања може да се групираат во база на податоци, што може да биде локална датотека на вашиот диск или база на мрежен сервер. За пистап до табела ви е потребен или директориум ако е една датотека или име на базата доколку табелата е дел од таа база на податоци.
Алиас
Алиасите се описни имиња кои се користат како означување на патеки или бази на податоци.