3846 Девизно книжење! Вредноста во домашна валута не се совпаѓа со девизниот курс!
 |
При девизното книжење примарен податок за вредноста е книжењето в валута. Со употреба на курсот посредно се пресметува денарската противвредност на книжењето! |
Што значи ова во пракса?
Имаме три взаемно поврзани вредности: вредност во валута * курс = вредност во домашна валута
- Ако ја промениме вредноста во валута, вредноста во домашна валута се калкулира повторно
- Ако го промениме курсот, вредноста во домашна валута се калкулира повторно
- Ако ја промениме вредноста во домашна валута, ќе бидеме обврзани да го промениме курсот за пресметка, за што програмот ни јавува порака

Решение:
1. Променете го курсот. За правилно книжење, програмот автоматски ќе го промени курсот.
2. Откажете ја промената