Čarovniki - inventura
Волшебник - функција во Инвентар

Во функцијата Волшебник во документот за креирање на Инвентар ги имате следните функции:
Состојба |
Оваа функција ќе Ви ја прикаже целата состојба на залиха во конкретниот магацин на конкретен датум. Кога ќе ја изберете оваа функција, системот Ве прашува " Дали сакате да побарате нова состојба на залиха? "

Одкако оваа операција е завршена, програмот ќе ја пополни колоната Сосотојба со реалната залиха на датумот избран во документот за магацинот избран во документот. Потоа Вие рачно треба да ја внесете реално изброената состојба во делот Инвентар и системот ќе пресмета разлика помеѓу состојбата во систем и состојбата што реално ја имае во магацин. Со потврдување на овој докумнет, се креираат документи за кусок и вишок во Инвентар.
|
Делумна состојба |
Оваа функција ќе ја пронајде залихата за конкретен магацин и конкретен ден. Ќе ја пронајде залихата само за идентите кои што ги имате внесено во позициите во документот за креирање на Инвентар. Кога ќе ја изберете оваа функција од волжебникот, системот Ве прашува за потврда на оваа операција " Дали навистина сакате да побарате нова делумна состојба на залихи?"

Одкако оваа операција е завршена, програмот ќе ја пополни колоната Сосотојба со реалната залиха на датумот избран во документот за магацинот избран во документот, за позициите кои веќе се внесени во овој документ. Потоа Вие рачно треба да ја внесете реално изброената состојба во делот Инвентар и системот ќе пресмета разлика помеѓу состојбата во систем и состојбата што реално ја имае во магацин. Со потврдување на овој докумнет, се креираат документи за кусок и вишок во Инвентар.
|
Повторно барај цени |
Оваа функција од Волшебник ќе ги најде цените во даден магацин во даден ден. Оваа функција е корисна ако, при креирање на броењето на залихи, не се направени сите потребни пресметки. Може да се случи цените на одреден ден да отстапат од цените во магацинот.
Доколку веќе сте го Потврдиле документот за Инвентар, новите цени што ќе бидат пронајдени ќе бидат внесени и во документите за Вишок и Кусок исто така.
Кога ќе ја изберете оваа функција од волшебник, системот Ве прашува "Дали навистина сакате повторно да побарате цени и да ги распоредите на документите?"

|
Внеси позиција - CTRL+N |
Функцијата за уфрлување на позиции ја активираме од менито Волшебници или со комбинација на копчињата  на тастатурата и овозможува вметнување на нови позиции НАД моментало избраната позиција. |
Пренумерирање на позиции |
Функцијата "Пренумерирање на позиции" овозможува промена на редниот број на позициите во документот. |
Внес на сериски броеви |
Копчето Сериски броеви во позиците на документот за броење на залихите се користи само за преглед на податоците за количината на стоките и за количината на сериски броеви што се користат во издавање и примање документи. Користете ја оваа функција ако сакате да ги уредувате овие податоци.
Оваа функција ќе ја отвори истата функција што би можеле да ја отвориме и преку позицииите во самиот документ со кликање на функцијата за Внес на сериски броеви 

За детален опис на информациите во овој прозорец и како се користат, видете Сериски броеви - Прием.
|