Креирање коцки
Креирање коцки
Во PANTHEON Администраторската конзола, одете на ЗЕУС / Анализи и извштаи / Процесирање коцки.
Внесете го името на компјутерот каде што ОЛАП сервисите се инсталирани (Analysis Services). Внесете го името на ОЛАП базата. Може да го промените името по желба, но се препорачува да биде со исто име на PANTHEON базата. Корисно е кога серверот хостира повеќе бази од повеќе компании и тогаш лесно може да се одреди која PANTHEON и OLAP база на која компанија припаѓаат.
Бидејќи се уште не се креирани ОЛАП коцките, структурата на ОЛАП серверот е празна.За да се процесираат коцките следете го упатството за процесирање со Analysis Services. Се креира и лог на креирањето на коцките под копчето Процесирај.
Времето потребно за процесирање на коцките зависи од количината на податоците и ресурсите на серверот. Со голема количина на податоци процесирањето може да трае со часови!
 |
Доколку се појават грешки при процесирањето на коцки, за решение погледнете дали се исполнети сите услови за потребната обработка.
|
Откако ќе се процесираат коцките, PANTHEON е спремен за анализи. Треба да се забележи дека податоците што се користат во анализата се со состојба од последното процесирање. За да бидат анализите тековни и прецизни, треба да се овозможи автоматско процесирање на коцки.
Следен чекор:
ОЛАП авторизации
Водич::
- ЗЕУС (поставки во административната конзола)
Поврзани теми: