Образец ДДВ 04






Во материјално/ДДВ (слика 1) се наоѓа прозорецот каде може да ги погледнеме сите книги за ДДВ,да ја направиме самата ДДВ пријава,ДДВ ЕПФ пријава,ДДВ-ИПДО образец и истите да се извезат во hml.

 |
При пресметката на ДДВ, генерално се земаат во предвид три параметри: Типови на иденти, Типови на документи и Статуси на документи. Пресметката на ДДВ се врши за целиот пресметковен период и за сите фактури во тој период. |
За да се пресмета ДДВ за одреден период, најпрво е потребно да се креира нов ред за пресметка. За таа цел се користат копчињата за навигација или копчето
на тастатурата.
Повеќе критериумите и начинот на постапка за пресметка на ддв, може да прочитате на следниов линк.
Поради новите законски прописи и новите ДДВ тарифи што се во употреба од 01.01.2021 е направена промена во Образец ДДВ04.
Постапката за генерирање на ДДВ04 образецот е иста како и до сега, со тоа што се додадени нови колони за ДДВ со тарифа Т3 10%.
За користење на новата ДДВ04 пријава е додаден нов тип на пресметка ТИП 4

При пресметка на ддв пријавата треба да изберете тип 4 и да направите пресметка за соодветен период.
1. Промет – излезни докуументи (поле 1,2,3,4,5,6)
Во овој дел ан пресметка влегуваат сите излезни документи со ддв стапка Т1,Т2,Т3.
Излезна фактура со Т1 ддв стапка 18%ддв


Излезна фактура со Т2 ддв стапка 5%ддв


Излезна фактура со Т3 ддв стапка 10%ддв


2. Промет – Извоз (поле 7)


3. Промет – Промет ослободен од данок со право на одбивка од предходен данок (поле 8)
За потребите на ова поле е отворена нова ДДВ тарифата v6 "Промет ослободен од данок со право на одбивка на предходен данок" е поле 8 од ддв пријавата.За да се пренесе вредноста од оваа тарифа во ддв04 пријавата треба да го има избрано следниве подесувања
- ДДВ се зема во предвид
- Право на намалување на претходниот данок
- Активно


4. Поле 10- промет кој не е предмет на оданочување во земјата
Треба да се отвори нова тарифа (во овој пример V7) и да се означи на следниов начин:

Напомена: Треба да е означена опцијата Ослободување при извоз. Само доколку е означена оваа опција, полето 10 ќе се пополни.

5. Поле 11- промет за кој данокот го пресметува примателот (излезни документи)
Во овој случај се користат тарифите P0,P1 и P2.

Кога на документ ќе се појави тарифа со ознака ДДВ пресметува Примателот, на формата се појавува дополнително поле За плаќање по член 32.а – тука се прикажува износот без пресметан ДДВ.
Напомена: Во регуларната рекапитулација стои и ДДВ и за плаќање заедно со ДДВ - тоа е само информативен податок колку ДДВ треба да плати Примателот.

Во системските исписи е среден и изгледот на фактурата. Во полето Вкупно се прикажува износ без ДДВ, а по тарифи се прикажува колку точно е пренесената обврска.
Во долниот дел Даночни стапки, законски мора да стои колкав е износот на ддв кој се пренесува на примателот.


6. Полиња 16,17,18,19 – пренесена обврска (приказ од страна на примателот – влезни документи)


7. Полиња 12,13,14,15 – реекспорт на лиценци
За приказ во овие полиња се користат L тарифите, и задолжително е да се подеси во Администраторска Кознола од која банка се повлекува продажниот курс.




8. Увоз (поле 27,28)

Во поле 27 се испишува Основа за ДДВ од ЕЦД (од калкулација набавка).


 |
Програмот не дозволува да се врши промена на документи кои што имаат Датум на ДДВ од затворен ДДВ период. Во тој случај програмот јавува порака: ДДВ периодот е заклучен! Доколку сакате да извршите промена на документите, претходно треба да го промените статусот на ДДВ периодот, односно да го отклучите. |
 |
Затворен ДДВ период не смее да се менува доколку ДДВ пријавата за тој период е веќе поднесена во УЈП.
|
 |
Доколку пресметката за одреден период е веќе направена, и подоцна се извршени некакви промени во материјалните документи, мора повторно да се пушти пресметка за да направените промени се евидентираат во образецот.
|
Податоците за потписник на ддв пријавата се пополнуваат со подесување од Администратоска конзола- Поддесување на потписник.
Поврзани теми: