Подготовка на работа на РН

Картичка Подготовка на работа на РН ја прикажува Производствената спецификација, која е една од трите форми на спецификација во PANTHEON продукцијата. Производствената спецификација црпи податоци од Основната спецификација, а на ниво на работниот налог може да се прилагоди на потребите според достапноста на материјалните и оперативните ресурси.
Во примерот подолу, ќе ги разгледаме податоците во картичката Подготовка на работа на РН и нивно уредување преку полупроизводот ЛАРА3_ВРАТА.

 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ:
Во табот Подготовка на работа на РН, одговорното лице ја прегледува Производствената спецификација на работниот налог. Во истиот таб, спецификацијата може да ги уредува и менува податоците за употребените материјали и операциите извршени за време на производството.
- Отворање на табот Подготовка на работа на РН
- Преглед и менување на материјали
- Преглед и менување на операции
|
1. Отворање на табот Подготовка на работата на РН
За да ги види деталите за поединечен работен налог, одговорното лице избира
во лизгачкиот прозорец на десната страна Детали за работен налог. Ќе ги прегледа деталите за РН на полупроизводот ЛАРА3_ВРАТА. Со избирање на табот Подготовка на работата на РН се отвара Поризводствената спецификација, што пред промените ја пресликува Основната спецификација и сликите од полупроизводите и материјалите.
2. Преглед и менување на материјали
Со избирање на полето Материјали, одговорното лице може да ги види деталите за позициите на материјалите. Полето Материјали работи на ист начин како и истото поле во Основна спецификација и ги содржи истите табови Основни податоци, Додатни полиња и Закони. Покрај тоа, производствената спецификација за материјали содржи таб Изработка.
 |
СОВЕТ
На спецификацијата може да се додадат позициите на материјалите и позициите на работните операции кои се обоени во сина боја. Ова го олеснува согледувањето на можните отстапувања и потребата од промена на основната спецификација на самиот производ.
|
Во табот Основни податоци производствената спецификација содржи дел Детали на позиции, каде што имаме податоци за потребните количини, количините потрошени за време на производството и графички приказ на напредокот на производството.

Во табот Изработка може да се прегледаат и уредат временските податоци на позициите на материјалите на работниот налог.
3. Преглед и менување на операции
Со избирање на полето Операции, одговорното лице може да ги види деталите за работните операции. Полето Операции работи на ист начин како и истото поле во Основна спецификација и ги содржи истите табови Основни податоци, Додатни полиња и Закони. Покрај тоа, производствената спецификација за материјали содржи таб Изработка.
Со избирање на
на позицијата на операцијата, одговорното лице може да го види материјалот поврзан со поединечната операција.
Картичка Изработка му овозможува на одговорното лице да ги прегледа и уреди терминските податоци за работните операции на работниот налог.

 |
СОВЕТ
За да видите пример за внесување и уредување работни позиции во картичката Операции, прочитајте го поглавјето Внесување на работни операции.
|