Поставки на начин за читање PDF документи

Поставки за читање на PDF документи одредуваат кои податоци ќе бидат прочитани од сметката. Стандардните корисници имаат две однапред подготвени опции:
- сумарно по даночни стапки (var-rate-invoice) и
- детално по позиции (line-item-invoice).
Главна разлика помеѓу овие две опции е во импортот на ставките на фактурата.
Сумарно по даночни стапки внесува онолку позиции колку што има различни даночни стапки на фактурата . Со други зборови, позициите се групираат според даночни стапки и потоа се внесуваат. Детално по позиции ги внесува сите позиции на сметката детално, една по една.
OCR тип на документ одредува начин на читање на примена фактура од добавувачот ( детално по позиџии или сумарно по даночни стапки). Подесувањата за одреден добавувач се внесуваат во шифрарникот на партнери.
И двата вида на документи имаат заеднички метаподатоци и информации за даночни стапки.
1. Метаподатоци
- Назив на добавувач
- IBAN
- Број на фактура
- Референца
- ЕДБ на купувач
- ЕДБ на добавувач
- Датум на сметка
- Датум на доспевање
- Датум на прием
- Износ за плаќање
- Вредност
- Износ на ДДВ
2. Информации за даночна стапка
3. Позиција на иденти – само за читање на документи детално по позиции
- Идент
- Назив на идент
- Единица мерка
- Износ
- Попуст
- Цена
- Количина
- ДДВ стапка
 |
Студија на случај
Во овој пример, за изберен партнер Пошта МК, ДОО, ќе го одредиме начиот на читање на PDF документи детално по позиции. Следете ги чекорите подолу за правилни поставки.
|
Во главното мени ќе избереме Подесување | Партнери | Партнери.
Го наоѓаме посакуваниот партнер во нашиот случај Пошта МК, ДОО.
Во левото мени кликните на е-Работење | е-Сервис и во колоната Податок го наведуваме начинот детално читање PDF документи по позиција(line-item-invoice) , како што е прикажано на сликата подолу.
Податоците за заглавјето на еФактурата ќе бидат прикажани идентично за двата начини на читање на PDF документи: детално по позиции и сумирано по даночни стапки. Може да ги погледнете разликите на сликата подолу.
