Контрола на слободната залиха и пополнување на рок на испорака
Со кликање на Залиха копчето на лентата со задачи во нарачката за купувачите можете да побарате информации во врска со расположлива залиха за предметот од линијата моментално селектирана. Оваа функција ќе провери и ќе даде повратна информација во врска со расположливата залиха на сите предмети од една нарачка за купувач. Доколку ветениот рок за испорачување не може да биде исполнет, функцијата го нуди најраниот рок за испорака.
Проверете расположливост на залиха за нарачка и препорачана испорака - според датум е функција која се извршува автоматски кога нарачката е потврдена ако е подесена во (параметри на програмот ). Функцијата истотака може да биде извршена од менито Волшебници. Проверете расположливост на залиха за нарачка и препорачана испорака - според датум. Во двете процедури нов прозорец се отвара со полиња за критериуми. Сите полиња за критериуми се внесуваат автоматски:
Број на Налог. |
Во полето Број на Нарачка се наоѓа бројката на нарачката за кој се врши проверка на расположлива залиха. |
Складиште |
Во Складиште полето е складиштето во кој програмот ќе бара актуелна залиха за да добие расположлива залиха. Програмот по правило го пополнува складиштето од нарачки за купувачи.
- Доколку не внесете складиште, програмот ќе бара вкупно расположливи залихи во сите складишта.
- Доколку го внесете складиштето, програмот ќе даде повратна информација за расположливите залихи во внесеното складиште.
|
Испорака До |
Во Испорака До полето програмот го пополнува крајниот рок на испорака од заглавието на селектираната нарачка за купувачи. |
Пополни Испорака Најдоцна До во Заглавието на Налогот |
Доколку Испорака До полето во заглавието на нарачката за купувачи е празно, но е дефинирано во редот на нарачката за купувачи, можете да го пополните празното поле со датумот за испорака најдоцна до од поединечните редови на нарачката за купувачи, под услов да Пополни Испорака Најдоцна До на Нарачка за Купувачи опцијата да е избрана. |
Вклучи само Валидни Налози |
- Избрана - Доколку Вклучи само Валидни Нарачки кутијата е штиклирана програмот ќе ги земе во предвид само валидните нарачки.
- Не е избрана - Доколку Вклучи само Валидни Нарачки кутијата не е штиклирана програмот ќе ги земе во предвид сите нарачки (валидни и невалидни). Оваа опција е стандардно наместена.
|
За да продолжите со процедурата кликнете на Изврши копчето. Програмот ќе врати панел за преглед и менување на собраните податоци:
Ред |
Во Ред колумната програмот го пополнува бројот на редот од налогот за продажба. |
Предмет |
Во Предмет колумната програмот го пополнува ID-то на предметот од налогот за продажба. |
Количина |
Во Количина колумната програмот ја внесува нарачаната количина од налогот за продажба. |
Залиха |
Во Залиха колумната програмот ја пополнува расположливата залиха за соодветниот предмет во селектираното складиште(доколку е внесено во панелот за критериуми) или во сите складишта (доколку складиштето не е дефинирано). Расположливата залиха е вкалкулирана во вкупната количина, не земајќи го во предвид очекуваниот рок за испорака (како што е во преглед на расположлива залиха). |
OK |
OK Колумната е штиклирана доколку сегашната расположлива залиха е доволна да се реализира нарачката. |
Испорака До |
Во Испорака До колумната програмот го пополнува крајниот рок за испорака од редот на налогот за продажба.- |
Препорачана Испорака - До |
За Препорачана Испорака-До колумната програмот ја пресметува препорачаната дата според количината на расположливата залиха за предвидениот краен рок за испорака. Податоците можат да бидат мануелно променети! |
Доколку ја продолжите процедурата со клик на Продолжи копчето, програмот во продолжение на процедурата ќе го внесе тука добиениот можен датум на испорака во редот на налогот за продажба.
Откако процедурата е завршена , програмот ќе објави порака (погледнете Операцијата е завршена!).
Доколку не сакате да ја користите добиената препорачана дата за испорака за налогот за продажба , кликнете на Откажи копчето и програмот ќе го затвори прозорецот.
Доколку сакате извештај за податоците од горниот панел,кликнете на Извештај копчето: