Најава на страната за корисници - User Site
Страната за корисници е наменета за сите корисници на програмскиот пакет PANTHEON. До неа може да се пристапи на еден од следните два начини:
 |
Прва најава на User Site?
Проверете како да направите регистрација!
|
Најава преку менито Помош во PANTHEON
Целокупната PANTHEON документација, во форма на online помош, може да се добие само со неколку кликови преку самиот програм. Кликнете на копчето Помош, прикажано на следната слика, и ќе ви се појават сите видови на помош кои што ги нуди нашата страна за корисници.
Со избор на било која од наведените опции, ќе бидете пренасочени на нашата страна за корисници User Site.
Впишете ја адресата https://usersite.datalab.eu/ во Вашиот Интернет пребарувач. Најавете се со Вашето корисничко име и лозинка, за да имате пристап до сите корисни информации за Вас.
Спротивно на ова, со директен пристап на User Site преку PANTHEON менито Помош, автоматски ќе бидете најавени со корисничкото име поврзано со Вашиот корисник во PANTHEON.