Прекин на работа од деловни причини и поради виша
Прекин на работа од деловни причини и поради виша сила
Во услови кога сме соочени со глобално ширење на епидемија од вирусот (COVID-19), со мерките кои нашата земја ги презема во насока на спречување на ширење на оваа епидемија преку одлуки за прекин на работа на одделни правни субјекти, покрај финансиските загуби на правните лица од приватниот сектор поради неостварувањето на приходи, се наметнува прашањето за обврската на работодавачите за исплата на надоместок на плата на работниците кои нема да работат во периодот на прекинот на работа од овие причини.
Прекинот на работа на одделни правни субјекти кој им е наметнат со одлуките на Владата за прекин со работа во одреден период може да го има следниот третман:
- Прекин на работа од деловни причини
- согласно член 112 став 10 од ЗРО, во случај на прекин на работниот процес од деловни причини (т.н.принуден одмор), работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70% од платата, за период до три месеца во тековната година.
- Прекин на работа поради виша сила – во услови на епидемија од Covid-19
- согласно 112 став 7 од ЗРО, ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата (50%), на која инаку би имал право, ако би работел.
За потребите на овие мерки и правилна пресметка на плата во PANTHEON е потрено да се отворат нови заработки (заработка за исплата на надоместок во висина од 70% и заработка за исплата на надоместок во висина од 50% од договорената плата).
-
Отварање на нови заработки во шифраник на видови заработки
Во шифрарникот на видови заработки се отвара нова заработка за исплата на 50% плата. Заработката е ВИШ - ВИША СИЛА 50%

Дополнително,во шифрарникот на видови заработки се отвара нова заработка за исплата на надоместок во висина од 70% од плата. Заработката е ПРИ - ПРИНУДЕН ОДМОР 70%.

 |
Во полето Вид на отсутност да се избере подесување 5-боледување. |
-
Пресметка на плата со користење на заработка за надоместок поради Прекин на работа од деловни причини и поради виша сила
Кај сите вработени во самата пресметка се додава новата заработка, согласно одлуката за исплата (50% или 70%)
Системот ќе ја пресметка вредноста за исплата согласно заработката што е користена при самата пресметка.
Пример кај вработен Стојановски Милан со нето плата 100 000 е искористена заработката ВИШ (50% исплата на нето плата) Согласно искористената заработка, во делот за подготовка/пресметка може да ја погледнете пресметката за овој вработен. За исплата е 50 000 (50% од нето плата)

Пример кај вработен Бранко Бранковски со нето плата 20 000 е искористена заработката ПРИ (надоместок во висина од 70% на нето плата) Согласно искористената заработка, во делот за подготовка/пресметка може да ја погледнете пресметката за овој вработен. За исплата е 14 000 (70% од нето плата)

 |
Заработките ВИШ и ПРИ може да се внесат рачно во самата пресметка, доколку се работи за мал број на вработени или доколку оваа пресметка е еднократна. Доколку ја користите оваа заработка и пресметка на долг временски период, наша препорака е да ги внесете овие заработки во персоналната мапа на вработен/видови пресметки. |