Општи новости (06-2013)
Општи новости за јуни 2013
За месец јуни 2013, достапни се следниве измени во Pantheon L верзиите, во кои спаѓаат верзиите LX и LT. Дополнувања има во делот основни податоци односно подесувања при затворање на готовински сметки за евиденција на отворени предмети, како и пресметка на ДДВ во LT верзијата.
Складиште со можност за книжење по продажни цени
Во некои локализации книжењето се извршува по продажни цени и затоа во Pantheon е додадена можноста »Книжење по малопродажни цени«. Новостите се однесуваат на новите верзии на LT, во кои сметководствената фирма во позадина ги внесува податоците за внес на роба.

Авторизација за промена на одобрени документи
Постои можност да се креираат авторизации за веќе одобрени или завршени документи. Оваа новина е достапна само за документите во модулот набавка и продажба во рамката на веќе постоечкото разгрането дрво за авторизации во LX/LT верзиите, како што е прикажано на сликата подолу.

Книжење на благајнички документи
Постои можност за книжење на благајнички документи и со тоа затворање на примени / издадени фактури. Книжењето на документите се врши преку менување на статусот во »Книжење«. Подесување на контата за благајнички документи се наоѓа во Начин на плаќање. Книжењето на благајничките документи и финансиското затворање на сметки овозможува правилен приказ на податоците за добавувачи и купувачи.
