Форум
Форум
Во форумот се одвива поголемиот дел од комуникацијата меѓу учесниците на корисничките страници. Индивидуалните разговори (дебата или теми), се отворени за читање за сите посетители, само пријавените можат да започнат и отвораат теми.
Нова тема обично започнува со прашањето на некој од учесниците. Потоа сите, заедно со прашувачот, можат да додаваат свои одговори и мислења. На индивидуалниот одговор му велиме објава.
Темите се поделени во подкатегории или подфоруми, за да се сè заедно биде појасно. Постојат два големи сета подфоруми, еден за ПАНТЕОН и други за општи теми. Сетот за ПАНТЕОН е организиран во подфоруми слично на менито на ПАНТЕОН и исто така документацијата за него.
Додавање нова тема
За да додадете нова тема, мора да бидете пријавени. Во соодветниот подфорум во десниот горен агол кликнете Нова Тема. Во полето Предмет внесете наслов на темата, во Порака внесете текстот со кој сакате да отворите дебата. Кога ќе завршите, кликнете Зачувај.
Додавање одговор во постоечка тема
Кога ги прегледувате некои од постоечките теми, во горниот десен агол кликнете Додај Одговор. Слично како и при новата тема, во полето Порака внесете својот текст и на крај кликнете Зачувај.
Темите, во кои се појавуваат HD_пријавил и HD_одговорил
Многу теми се "разговори" меѓу HD_пријавил и HD_одговорил. Тоа всушност се разговори од апликацијата Help Desk, пренесени во форумот, бидејќи можат да бидат корисни. Вистинските имиња на учесниците од оригиналниот разговор на Help Desk се скриени под темата "псевдоними".