Scenario
Сценарио

Оваа опција се користи за поврзување на записите книжени во девизна валута со налогот за почетна состојба. Во пракса, ова значи дека програмот ги игнорира курсните разлики креирани на крајот на годината и во почетниот налог се поврзуваат книжењата и курсните разлики со оригиналните записи. Овој метод ни овозможува контрола дека во заклучниот налог односно почетниот налог не се вклучени задолжителните курсни разлики
Филтер
Се користи за приказ на конта и групи на конта. Ако ја внесете соодветната нумеричка вредност ќе биде прикажано означеното конто (на пример конто 12000). Означете го само полето 1, и во тој случај станува збор само за салда контата. Види ја темата за подготовка на сценарио.
Подготовка на сценарио

Со кликање на копчето Подготовка на сценарио, ги пренесуваме подесувањата на контниот план во сценариото за заклучок на година кој го подготвуваме.Исто така, постои опција за пренос на сценариото од минатата година.

Контен план

Доколку имате повеќе контни плана во Програмот, можете да направите подесување на сценариото за секој контен план посебно. По дифолт, сценариото го прикажува активниот контен план.
Конто |
Го прикажува тринаесетцифрениот код на начин како што е утврден во контниот план ( интерен или стандарден). |
Назив |
Го прикажува името на контото кое може да содржи до 100 знаци . |
Ред |
Одредува на кој начин за избраното конто ќе се креира заклучок и почетен налог .
|
Овие информации се од ВИТАЛНО значење бидејќи влијаат врз искажувањето на почетната состојба, заклучокот, пресметката на камати итн. |
- 1 - Салда конта- Книжењата за отварање на салда контата се пренесени за заклучок и налозите за отварање на година се прикажани детално по субјекти, конта и валута. Види пример.
- 2 - Врзани документи- Поединечните книжења по врзан документ се пренесуваат за заклучок и на налозите за отворање без оглед на субјектите. Види пример.
- 3 - Главна книга - Состојбата од контата кои се означени како група на конта во панелот Сценарио се пренесува за заклучок и на почетните налози. Види пример.
|
Страна на книжење на темелници за отворање |
Тука може да го одредите начинот на пренос на салдата од избраните конта како почетната состојба кај полетниот налог :
- 1 - Само дебитна : кај почетната состојба на темелниците се креира книжење со износ само на дебит ( знакот се прилагодува соодветно ).
- 2 - Само кредитна : кај почетната состојба на темелниците се креира книжење со износ само на кредит (знакот се прилагодува соодветно).
- 3 - Само позитивна
- 4 - Само негативна
- 5 - Двете страни
|
Салдото мора да биде 0 |
При креирање на налозите за заклучок и почетна состојба, програмот врши проверка дали соодветно означеното конто има салдо еднакво на 0 (на пример за контата на класите 4 и 7). |