Пресметка на прометот
Пресметка на прометот

Пресметка на прометот е функција, која ги освежува податоците во базата на податоци. Во случај кога корисникот неправилно ќе ја заврши својата работа во програмот, постои можност програмот не правилно да ги раскнижи заилихите, сериските броеви и сл.
Обновувањето на залихата е важно тогаш кога конечната калкулација на набавка ја внесеме, односно од кога тие материјални средста сме ги издале. Тогаш потребно е кај сите тие издавања да ја поправиме цената на вреднување, што всушност ни е овозможено преку оваа функција. Се користи во случај на дозволена негативна залиха во магацините, додека пак приемите ги внесуваме дополнително, после издавање на робата и при употреба на ФИФО и ЛИФО методите за вреднување.
Со пресметка на прометот ги обновуваме сите изведени податоци за прометот ( вкупен износ на ф-те, вкупен износ на попустот и данокот и сл.) Тие податоци во случај на неправилно завршување со работа во програмот множат да бидат погрешни, но со пресметка на прометот можеме да ги обновиме.

Во менито за пресметка на прометот имаме три панели:
- Обнова на залиха – за обнова на статусот на сериските броеви, залихата и цената за вреднување
- Пресметка на прометот – за пресметка на вредноста во ф-те, во главна книга и сл.
- Грешки – панелот ги испишува грешки при обнова на залихите или при пресметка на прометот ( на пр. негативна залиха, негативна просечна набавна цена и сл.)