Поз.
|
Реден број на позициите за прием, кој програмот го генерира автоматски. За менување на овој податок, погледајте Уфрлање на позиции и пренумерирање на позиции во делот за излезни сметки.
|
Шифра
|
Внесуваме шифра на материјалното средство кое сме го презеле од купувачите. Со двоен клик на ова поле можеме директно да го отвориме шифрарникот на артикли. Специфичност во преземањето на артикли на сервис е во тоа што програмот после внесот на шифрата на материјалното средство ги прегледува сите издавања на купувачи, и проверува дали купувачот сигурно го купил тоа материјално средство од нас. Ако програмот не го пронајде тоа материјалното средство на излезните фактури, ни јавува предупредување:
Оваа контрола се изведува само кај артиклите, кои не ги водиме по сериски броеви. За артиклите кои ги водиме по сериски броеви, оваа контрола се изведува одкако ќе се внесе серискиот број.
Оваа контрола може и да се исклучи, на тој начин што во параметри на програм означиме ‘Сервис- пребарување на купувач по сериски број‘
|
Назив
|
Назив на применото материјално средство. Материјалното средство можеме исто така да го пребаруваме по шифра или по назив, а програмот автоматски ги пребара останатите кои недостигаат (назив или шифра).
|
Количина
|
Ја внесуваме примената количина. Ако материјалното средство го водиме по сериски броеви, ни се отвора дополнителен прозор во кој мораме да го внесеме серискиот број на производот, кој го преземаме на сервис.
|
ЕМ
|
Единица мерка за превземената количина.
|
Сериски број
|
Ако внесеното материјално средство го водиме по сериски број, после внесот на количината се отвора прозор за внес на сериски број.
Програмот има кај прием на сериски броеви вградена контрола на издавањата на купувачите (исто како и кај Шифра) и проверува дали купувачот навистина предходно од нас го купил тоа материјално средство со тој сериски број. Ако програмот пронајде таков документ, додава број на излезен документ во полето Документ, и ги пополнува останатите полиња: Датум, Г.М. и Гаранција. Меѓу другото пребарува дали гаранцијата за тој конкретен артикал веќе истекла. Ако не го пронајде документот, јавува грешка (погледајте Купувачот не го купил тој артикал со тој сериски број!)
Таквата позиција без разлика на тоа ќе се запише, меѓутоа во овој случај не се признава гаранција. Ако оваа контрола ја исклучиме (Параметри/Материјално/Основни Податоци) програмот ќе пребара, кој купил артикал со тој сериски број (Барање по сериски броеви). Во тој случај гаранцијата ќе се признае ако артикалот е издаден од нашето складиште и ако артикалот сеуште е во гаранциски рок; не се гледа на тоа кој го предал на сервис.

|
Документ
|
Поврзан документ (пр. Фактура, реверс и сл) со кој купувачот од нас го презел материјалното средство:
· Ако материјалното средство го водиме по сериски бореви, веднаш после правилниот внес на сериските броеви, програмот автоматски ќе го пополне ова поле
· Овој податок го пополнува и функцијата Барање на поврзан документ.
· Мозе да се внесе и рачно. Ако бројот на документот постои во базата на податоци, со тоа ќе се пополни и следното поле (‘Датум‘)
|
Датум
|
Датум на врзан документ од претходното поле.
|
Г.М.
(гаранција во месеци)
|
Ова поле ни прикажува колку време (во месеци) производот има гаранција. Гаранциски рок се манува, но во ова поле програмот ни го впишува гаранцискиот рок, кој е внесен во шифрарникот на материјални средства на денот на издавање на поврзаниот документ.
|
Гар.
|
Ова поле ни прикажува дали производот е сеуште во гаранција (штиклирано) или не е (празно поле). Производот е во гаранција ако се исполнети условите:
Датум на прием во сервис <= датум на поврзан док. + Г.M
|
Цена за вреднување
|
Цена за вреднување, која зависи од избраниот начин на вреднување на залихите. Начинот на пресметка на цената за вреднување го поставуваме во шифрарникот Видови Документи. Погледајте и Вреднување во модул Сервис.

|
Прегледот на овој податок можеме да им го ограничиме на поедини корисници со помош на авторизација за калкулација на набавна цена.
|
|
Грешка
|
Полето е наменето за внес на стандардна класификација на грешки. Со двоен клик на ова поле, се отвора Шифрарник на Грешки/Дефекти, каде ги внесуваме грсшките/дефектите. Грешката како критериум се јавува и во Пресметката на Рекламација на купувачи.
|
Опис на Грешка
|
Поле со должина до 255 знаци, во кој ја внесуваме причината поради која купувачот го донел на сервис производот. За полесен внес и подобра прегледност на описот на грешката, во долниот дел се отвора додатен прозор, во кој исто така можеме да внесеме подетален опис за дефектот за позицијата во која се наоѓаме.
|
Оддел
|
Внес на одделот не е задолжителен и се употребува при изработката на прегледи и исписи. Програмот ќе побара податоци по следниов редослед:
- Ако одделот е внесен во Шифрарникот на Иденти, ќе го употреби тој податок бидејќи има поголем приоритет.
- Ако не е внесен одделот во Шифрарникот на Иденти, ќе се употреби податокот за оддел кој е внесен во главата на документот.
|
Нос.тр.
|
Шифра на носителот на трошок. Зададена вредност на нос.тр. може да биде внесена во шифрарникот на иденти, но тука истата можеме рачно да ја промениме.
|