Параметри за пресметка на плата
Подесување за пресметка на плата 2020
Внесување на просечни плати
Шифарникот на просечни плати се наоѓа во менито Вработени – Плата – Просечна плата. Во овој шифрарник треба да се внесат податоци за секој месец колкава е просечната плата, минималната бруто плата и месечниот фонд на часови.

Во колона Месец се става периодот на пресметка како на пример: 2020-01, 2020-02, 2020-03 итн. Во просечна плата се става просечната плата која ќе биде објавена на страната на УЈП. Во колона минимална бруто плата- 19160Во колона месечен фонд на часови се става месечниот фонд на часови кои клиентите ќе можат да си ги видат од МПИН.

Промена на даночно ослободување
Промената на годишниот износ за даночно ослободување се прави преку менито Подесувања- Програм – Администратоска конзола. Во овој дел пристапуваме преку првото мени Подесувања – Параметри на програмот – Кадри – Плата – Основни податоци
Со дупли клик на полето означено на сликата горе, ќе ни се отвори шифрарникот на ослободувања. Внесуваме во колоната Датум првиот ден од тековната година (пример 01.01.2020) и во колоната Износ го внесуваме вкупниот износ на даночно ослободување за тековната година. Автоматски системот ќе ни распредели во последната колона колкаво е ослободувањето на месечно ниво.

Оваа година даночното ослободување е 98 736 на годишно ниво, 8 228 месечно ниво.
Промена на даноци за заработувачка
Во Подесувања/Вработени/Плата/Даноци на заработувачка се прави промената за пресметка на персонален данок.

Со новите законски промени, пресметката на прогресивен данок нема да е во употреба.
- Треба да се пресметува само 10% персонален данок, прогресивниот данок од 18% на 90
000 е ставен во мирување
Промена на придонеси во општина
Со новите законски промени има промена во дел од придонесите. Во општината на седиште на претпријатието треба да отвориме нов период 2020-01 со променети придонеси согласно промените во законот.

Во општината со кликање на раздвој запис се отвара нов период (2020-01). Правиме промена на % на придонеси согласно законските промени.
- Придонесите од вкупно 27,5% се зголемени на 28%.
- Придонесот за Задолжително пензиско и инвалидско осигурување сега ќе е 18,8
- Задолжително здравствено осигурување сега ќе е 7,5

Сите придонеси во периодите отворени пред 2020-01 остануваат непроменети! Ова е така, доколку е потребно да се направи корекција на плата за период од 2019година.