Брза надградба
Quick Upgrade
Брзата надоградба е наменета за надоградба на поединечни делови од програмата. Со кликање на копчето Пронајди на сервер во делот за Список на поправки ќе се појават поправките, кои се на располагање за нашата верзија на програмот Pantheon.
Со означената опција Автоматско читање на новите поправки на серверот при старт на програмата, при најава ќе ни се појави прозорец за Брза надоградба доколку на серверот стои поправката со назнака Приоритет, Ургентно или Препорачано.
Во списокот за поправки во полето означуваме која поправка сакаме да ја употребиме и кликнуваме на копчето Брзо надогради, при што поправките се пренесуваат во делот Log на изведени поправки.

Забелешка ако се надградуваат повеќе бази
Брза надградба ќе се изврши само за избраните бази кои имаат иста верзија како базата на која сте најавени!
После извршената брза надградба на избраните бази, можната листа на поправки ако не исчезне, тоа значи дека друга надградба постои за останатите од избраната листа на бази!
После секоја надградба на повеќе бази, параметарот
не се сочувува, така да треба повторно да се овозможи за брза надградба на повеќе бази.
Забелешка за посебните локализации
Списокот на поправки е ограничен во зависност од локализацијата за секоја земја. На тој начин е овозможена поголема транспарентност со што корисниците ги гледаат само поправките за својата земја.