Промена статуси на платни налози
Промени на статусите на платни налози (платни трансакции) 
Промена статуси на платни налози се поставува на видот на документот Побот.
Функционалноста на промената на статусите на платни налози е наменета за означување на оние платни налози, кои сме ги ставиле во побот. Со тоа програмата нè предупредува дека сме пријавиле одредена обврска, за која веќе имаме изработен платен налог, во побот и е смислено со плаќањето да почекаме до резултатите од поботот.
За пример ќе следиме два платни налога, кои имаат првобитен статус З (за плаќање).

Кога ќе подготвиме датотека за побот, програмата ни покажува прозорец Промена статуси на платни налози. Во табелата се наведени сите налози, на кои ќе им се промени статусот. Програмата ни предлага (означува) сите платни налози. По желба можеме да одзначиме сите или само некои платни налози. При тоа можеме да си помогнеме и со поп-уп мени, кое го повикуваме со десен клик на глувчето.

Со клик на копчето Откажи, статусот на платните налози останува непроменет.
Со клик на копчето Потврди статусот на платните налози од З (за плаќање) ќе се промени во В (резервиран). Променетиот статус влијае на списокот на платни налози во ликвидатурата (Пари / Платен промет / Платни налози домашни). На списокот на ПН во подготовка на овие два платни налога не ги гледаме повеќе.

Ако сакаме да видиме, кои платни налози имаат променет статус, тоа можеме да го погледнеме во табот ПН во подготовка. Тоа го правиме така што во полето Статус го менуваме статусот и програмата ни покажува платни налози, кои одговараат на избраниот статус.
За пример ќе погледнеме платни налози со статус А.

Кога поботот не е спроведен, мораме статусот на платните налози да го промениме назад во статус З (за плаќање). Тоа го правиме така што поединечниот платен налог го отвораме (со двоен клик на глувчето) и му го менуваме статусот и промената ја потврдуваме со копчето
.

Така променетите платни налози повторно ќе бидат видливи во табот ПН во подготовка, кога ќе го промениме статусот во З (за плаќање).
