Поставување минимална маржа при нарачка на купецот
Минимална маржа при нарачките на купците
В Администраторската конзола - Поставки/Параметри на програмата/Нарачки, е можно да се постави Минимална маржа при продажба за нарачки на купците (во проценти). Стандардната поставка е -1, што значи дека контролата нема да се изврши.

Во администраторската конзола одредуваме стандардна процента на минималната маржа при продажба (на пример 10%).
Програмата ќе контролира при внесување на позиција на нарачка на купецот, дали вредноста на позицијата паѓа под цената за вреднување, зголемена за минималната маржа при продажба (10%). Ако вредноста на позицијата ги исполнува овие услови, износот во колоната Вредност на нарачката на купецот ќе биде обележан со црвена боја.

Во случај, ако на нарачката на купецот е внесен магацин, Вредноста се обележува во зависност од податокот за цената за вреднување од избраниот магацин.
Ако магацинот на нарачката не е дефиниран, се зема предвид цената од Шифрантот на идентификација, панел Калкулација: Бруто во нашата валута.
Ако минималната маржа е поставена во Шифрантот на идентификација, се зема предвид таа, ако не, важи поставката од Администраторската конзола.
